Јан 4, 2024
Општина Охрид
Повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете во училишна возраст со тешка попреченост
Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Јан 3, 2024
СВР Охрид
Превентивни активности на СВР Охрид за побезбеден сообраќај
Во Охрид и Струга на возачите им беа делени корисни совети од страна на службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со РСБСП.
Јан 3, 2024
Со 1,8 милиони денари Mинистерството за култура годинава ќе го поддржи Вевчанскиот карневал
Министерството за култура издвои 1 800 000 денари за организација на најстарата карневалска манифестација во земјава. По две годишни пауза, поради административни бариери министертсвото повторно е покровител на карневалот. А на падините на јабланица се прават псоледните подготовки за светски прочуената манифестација на хуморот и сатирата.
Јан 3, 2024
Левица: Продолжува узурпацијата на езерскиот брег
Левица Охрид поднела барање за вонреден инспекциски надзор до Градежна инспекција и инспекција за животна средина од Охрид.
Јан 2, 2024
МВР
Осум лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот Охрид-Свети Наум
Во судирот на три возила со тешки телесни повреди се здобила 70 годишна жена од Црна Гора.
Јан 2, 2024
Марија Хуана Џејн дошла во Охрид во потрага по подобар живот
Филипинка се пресели во Охрид, сака да биде македонска невеста
Марија Хуана Џејн од Филипини пред шест месеци се пресели да живее и работи во Охрид. Во потрага по подобар живот, илјадници километри од својот дом, денес работи како готвачка во угостителски објект, а го учи и македонскиот јазик. Вели во нашата земја ја нашла и љубовта, сака да биде македонска невеста.
Јан 2, 2024
УХМР
Врнежливо со температура до 8 степени
Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот.
Јан 1, 2024
Пет бебиња се родија во Охрид на првиот ден од новата 2024 година
Машко е првото новороденче во Охрид во Новата година. Бебето е трета рожба на среќната мајка, донесено е на свет по природен пат, а тешко е 2730 грама. Годинава за Охрид започна бериќетно. На првиот ден од 2024 година, на гинеколошкото одделение се родија вкупно 5 бебиња. Новороденчињата ги посети градоначалникот Кирил Пецков, кој ги даруваше со традиционални подароци од името на општина Охрид.