Две локации во игра за изградбата на градската марина
За скоро време ќе се знае локацијата на која локалната самоуправа ќе ја гради долгонајавуваната градска марина. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во игра се две локации.
Започнуваат уписите во летната сликарска школа во здружението Тактус
Годинава ќе бидат опфатени безплатно десетина деца од ранливо социјални семејства кои сакаат да научат сликање. Станува збор за здружение кое се грижи за развој на културни и уметнички вредности кај најмладите.
Бурна седница на охридскиот Совет
На стартот на денешната 26 седница на Совет беа додадени точки на дневниот ред за донесување на одлуки, со кои ќе се овозможи реобјавување на тендерот за изградба на затворен зелен пазар по пат на ЈПП, откако на првиот тендер не се пријавил ниту еден апликант. Опозициските советници реагираа дека доцна им биле доставени материјалите по одредени точки.
Четкар му го честита роденденот на Аквариус со извонреден концерт
Како подарок за 23 тиот роденден на култното охридско кафуле “Аквариус“, синоќа свој концерт одржа светски познатиот џез гитарист Владимир Василески – Четкар.
Актерите со „Многу врева за ништо“ ќе внесат позитивна енергија кај гледачите
Актерите со „Многу врева за ништо“ ќе внесат позитивна енергија кај гледачите.
Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема
Заштитни одела, чизми и наочари доби противпожарната единица од Охрид. Со оваа донација од противпожарната од Лејден -Холандија во голема мера ќе се зголеми безбедноста на пожарникарите при гаснење на пожар.
Ако е паркинг, треба да се уреди да личи на паркинг
Деновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“.
Македонски златни артефакти ќе се излагаат во Германија
Македонски златни артефакти ќе се излагаат во Германија.