СВР Охрид откри мини расадник за марихуана
Педесет и една садници од растението Канабис сатива пронајдоа и одзедоа оперативците при акција на СВР Охрид реализирана во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид на први јуни оваа година. Притоа, во викенд куќа во кампот, затекнати се и приведени А.Н.(27) и М.П. (19) двајцата од Охрид.
На Охрид му треба подобро претставување на саемите
На Охрид му е подребно подобро претставување на саемите. Ова е само еден од заклучоците кои произлегоа од денешната работна посета на првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески, најави поинтензивна соработка со Агенцијата како би се раздвижиле активностите во градов на полето на развојот на туризмот.
ОХРИД УСПЕШНО ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“
Големи количини на неразградлив отпад викендов беа подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Се чистеа плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани.
Француски филмски фестивал во Македонија се сведува само на ревија на филмови
Француски филмски фестивал во Македонија се сведува само на ревија на филмови.
Негрижата кон охридскиот чинар продолжува
Негрижата кон охридскиот чинар продолжува.
Има ли лек за зависностите
Модерниот начин на живеење предизвикува најразлични видови зависности со кои секојдневно се соочуваме. Д-р Обрехт, Eксперт на полето на зависности од САД веќе триесет години се занимава со оваа проблематика. Таа ќе ги сподели своите искуства со сите оние кои имаат проблем со каква било зависност и ќе ги посоветува како да се излечат од истата.
Наизменично одвивање на сообраќајот кај С.Ботун
Авто- мото сојузот на Македонија, информира дека на патниот правец Кичево – Охрид, во близина на охридското село Ботун, поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Криминал од омраза -тема на дводневниот семинар на МВР и OSCE
Справување со криминалот од омраза е темата на дводневниот семинар што за полициските службеници при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, од денес се одржува во хотелот Силекс во Охрид.