„Сината боја е најтопла“ на кино-репертоарот во Охрид
Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм „Сината боја е најтопла“.
Наместо на улица, приватните станоиздавачи гостите ќе ги дочекуваат на типизирани штандови
Во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид за 2014- та година според претходно утврдените проблеми во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, со оваа програмска активност се предвидува изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи.
Туристичко информативниот центар ќе се дислоцира во центарот на Охрид
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид а, со оглед на нефункционалноста на поставениот туристички информативен центар на претходно предвидената локација на Бул „Туристичка“ на влез на Охрид, се предвидува негова дислокација во централното градско подрачје.
Дел oд Охрид и охридските села денес поторно без струја
Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 18-ти март, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од центрарот на Охрид како и неколку охридски села и населби.
Крводарувањето во Охрид е на високо ниво
Крводарувањето во Охрид е на високо ниво.
Дневно по околу 1000 лица ќе се вакцинираат во салата „Билјанини извори“
Медицински тимови од сите болници и здравствени домови, кои имаат помал број на ковид пациенти ќе ротираат во процесот на вакцинација. Започна преадаптација на просторот и салата се очекува за два дена да биде подготвена за старт на имунизацијата.
220 000 евра за развој на туризмот
Денес започна проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки. Целта на реализацијата на проектот е да се зголеми квалитетот на туристичката понудата, но и да се прошири понудата во секторот туризам преку спа центри, велнес центри, рурален туризам и итн.
Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец
Ќе се воведе бродската линија Охрид- Поградец. Таа ќе се заснова исклучиво врз база на чартер тури. Редовна линија може да функционира само онаму каде што има поголем број на патници, а во овој случај освен на лето во другите периоди од годината тоа не може да се реализира.