Skip to main content
Мај 7, 2021

Денес во 11:15ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, бил алармиран од група домашни туристи, кои со изнајмени АТВ возила изведувале авантуристичка Off Road тура, при што едно возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија длабока десетина метри.


Јун 2, 2014

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ(34) од с.Белчишта, охридско, за сторено кривично дело „силување“.


Јун 2, 2014

Денес на 79 годишна возраст почина Димче Димоски, кого повзорасната генерација охриѓани го паметат како киноапаратер во киното „Охридско езеро“ и подоцна во центарот за култура „Григор Прличев“.


Јун 2, 2014

Ќе се реализира и акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата. Граѓаните, пластичните канти со собрано отпадно масло, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 3ти јуни (среда), од 12 до 15 часот да ја донесат на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ и да ја заменат со празна.


Јун 2, 2014

Во текот на неделата на животната средина, предвидено е повторно да се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии рамки ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс.


Јун 2, 2014

Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училиста „Мирко Милески“ и „Дрита“ од Кичево со претставата “Изгубениот сон” и театарската  група од средното училисте Св.Климент Охридски-Гимназија, Охрид, со претставата “Мачка на вжестениот ламаринен покрив”, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал “Вдиши Театар”, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28 мај до 1 јуни, во Охрид.


Мај 31, 2014

Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“, беше промовирана Монографијата по повод 50 години од матурата, од Димче Стојкоски Лепиот. 123 страници и 170 слики, за спомен на колегите од неговата генерација.


Мај 7, 2021

Неколку капитални проекти за Охрид не можат да отпочнат со реализација додека целосно не се усогласат со УНЕСКо и Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот регион. Проектот за реконструкција на кејот е повторно на ревизија во Париз. За катната гаража е спорна висината. За изградба на марина Градоначалникот ќе бара мислење и одобрение на сесијата со Унеско во јуни.