МСО со работилница за позитивните вредности кај учениците
Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“.
Охриѓанец заработи кривична пријава за изнуда
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец.
Што се случува во „Охридскиот народен театар“?
Веќе два месеци од новата 2014-та година, без претстава во Охридскиот театар.
Без подмирени обврски, нема локација за урбана опрема
Од локалната самоуправа ги известуваат сите корисници на простор на кој имаат поставено урбана опрема, а кои не ги подмириле обврските за 2013 година, истото да го сторат најдоцна до четврток 06.03.2013 година.
Македонија доби „Златна награда за дестинација за патување” од страна на холандските туристи
Првата награда за дестинација за патување и припадна на РС Македонија. “Златна награда за дестинација за патување” (Golden Travel Destination Award) е резултат на гласање спроведено од страна холандските туристи коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странска земја којашто ја посетиле и воедно да потенцираат што е тоа што најмногу им се допаднало. Највисоко е оценета локацијата на државава со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8. Од градовите највисоко котира Охрид (8.1), а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга (7.6, 7.5 и 7.2).
Дел од улица „Галичица“ денес без струја
Од ЕВН Македонија, утрово информираат дека денеска, 4-ти март, во периодот од 10 до 15:30 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Галичица“, во Охрид.
Основците се учат како во секојдневниот живот да ги применат искуствата и откритијата од НАСА
Директорот на основното училиште „ Христо Узунов“ , Тони Сомоновски во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама во седиштето на НАСА каде ќе се одржува петнаесетдневна обука на тема „Природни богатства и нивна искористеност“.
50 кревети и медицинска опрема донација за специјалната болница „Свети Еразмо“
Кревети, постелнини, сталаци за инфузија, масички за јадење за пациентите. Ова се само дел од средствата кои ги обезбеди културното друштво „Октиси 2009“ од Сент Гален-Швајцарија.