Започна снимањето на промотивните спотови за кампањата „Безбедно како дома“
Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција се пазарите каде што оваа година се пласира првиот дел од медиумска кампања со цел информирање за поминување на безбеден одмор во туристичките потенцијали коишто земјава ги поседува и будење на свесноста за неопходност од почитување на безбедносни протоколи. Од агенцијата со оптимистички предвидувања за сезоната што ни претстои, а во Охрид очекуваат покрај од регионов, туристи и од Холандија, Полска и Украина.
И охриѓани ќе плаќаат за влез и престој на Галичица
НП Галичица секој ден со ново изнендување. Паркот од денес почна со наплата на влезници и за охриѓани. Само пред неполн месец од паркот информираа дека новиот ценовник кој почна да важи од први јуни нема да се однесува на локалното население на Охрид и Ресен.
Црвен Крст и Спорт лајф и годинава го одбележаа Светскиот ден на крводарителството
Годинешната хуманитарна крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството и овојпат одбележана со хепенинг, на кој хуманите граѓани ги забавуваше Елена Ристевска. Но денес исто така пред обложувалницата „Спорт лајф“, охридските новинари неуморно продолжија со собирање на финансиски средства за 11 годишно момче од Охрид, кое треба да замине на лекување во Кина.
Што произведува ЈП „Градски Гробишта“
Големи коловозни и мали парковски рабници, плочки за поплочување околу гробните места и тротоарите, како и столбчиња кои се поставуваат на коловозот односно на тротоарите за да не можат возилата да се паркираат на недозволено место, се дел од производите, кои помагаат да се подобри финансиската слика на ЈП „Градски гробишта“.
Нови правилници за организирање на ученички екскурзии
По големиот број поплаки кои пристигале до Министерството за образование и наука за изборот на фирми кои ги организираат училишните екскурзиите ММинистерството и Бирото за развој на образованието ја допрецизираат постапката за нивно организирање. Тиеизработија нови подзаконски акти кои ќе важат од следната учебна година.
Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Требеништа
Две лица го загубија животот во страотна сообраќајна несреќа кој што се случи синоќа кај селото Трбеништа охридско. Од СВР сеуште не го откриваат идентитетот на жртвите, само околностите како настанала сообраќајната незгода.
Хуманоста на дело
По повод Светскиот ден на крводарителството Охридскиот Црвен крст утре организира крводарителската акција. Во рамките на оваа активност ќе се одвива и хуманитарната акција „Заедно за еден детски живот“. Под ова мото вечерва во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи и хуманитарен ракометен натпревар на кој ќе играат поранешните и актуелните ракометари на РК „Охрид“.
Охрид го одбележа Светскиот ден на физичката активност
Во Охрид и неколку други градови во државава денеска се одбележа Светскиот ден на физичката активност. Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортски клубови од градов организираа спортски активности на Кеј „Македонија“. Градоначалникот Константин Георгиески и учесниците упатија порака до охриѓани од сите возрасти да одвојуваат време за физичка активност со цел да го зачуваат и подобрат своето здравје.