Skip to main content
Мај 20, 2014

Туристичката населба Пештани, оваа сезона гостите ќе ги изненади со модерно шеталиште и асфалтирани улички. Охридските ЈП со полни раце работа, веќе го подигнаа потпорниот ѕид во должина од 200 метри. Во моментов работат на инфраструктурата на тој дел и на крај шеталиштето ќе биде и хортикултурно уредено, според најавите на првиот човек на градот Никола Бакрачески.


Мај 5, 2021

Започнаа градежни активности за изградба на нов асфалтен пат од село Велгошти до црквата “Свети Никола”.


Мај 20, 2014

Адора Инженеринг ја доби високата меѓународна награда за градежништво што на ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец за забележителни бизнис активности, посветена и успешна работа, во Мадрид, Шпанија му ја додели еминентниот Клуб на лидерите во глобалната трговија.


Мај 20, 2014

По повод чествувањето на „Св. Кирил и Методиј”, во сабота, 24-ти мај, во катедралната црква „Св. Софија” во Охрид ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти, по уметничко ракодовство на проф. м-р Кристијан Каровски.


Мај 20, 2014

Една рибарска мрежа во должина од 50 метри и пет парчиња риба-клен пронајде и одзеде синоќа патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.


Мај 20, 2014

Хуманитарниот настап на Пејчиноски ќе се случува во среда, во 21часот во клубот Џез Ин. Со купување на влезницата во износ од 100 денари и вие  ќе донирате за настраданите.


Мај 20, 2014

Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Денес заминува првата хуманитарна пратка од Охрид со производи кои  хуманите охриѓани за рекордно време успејаа да ги соберат.


Мај 20, 2014

Денес се одбележуваат 178 години од формирањето на првиот противпожарен одред во Битола. Овој ден се одбележува и како ден на македонските пожарникари.