За сексуалните работници доаѓаат нови денови
За сексуалните работници доаѓаат нови денови .
Градежни работи на магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид
Од денеска на магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид пред влезот во Охрид ќе се изведуваат градежни работи, соопштија од ЈП „Македонија пат”.
Охриѓани и туристите за новогодишните празници ќе се лизгаат на монтажно лизгалиште на плоштад
Од Секторот за ТЛЕР, велат дека ова е една атракција која треба да им даде причина повеќе на гостите, но и домашните да го посетат плоштадот. Лизгалиштето ќе функционира се додека дозволуваат временските услови, а ќе има комерцијална природа.
Како до заштеда на електрична енергија?
Цената на електричната енергија во иднина ќе расте и нема да се намали. Па оттука се налага потреба граѓаните да бидат информирани за можните начини на заштеда на енергија во домаќинствата, претпријатијата и градежните објекти, а воедно да се запознаат со придобивките од примената на обновливите извори на енергија. Денес на оваа тема во Охрид дискутираа истакати универзитетски професори.
Граѓаните ги изложија проблемите пред Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор
Најголемиот дел од проблемите доаѓаа од социјално-ранливата категорија на граѓани, а кои се однесуваа на нивно сместување во времени објекти или социјални станови. Директорот на агенцијата, Цветко Грозданов со ветување дека ќе бидат разгледани сите проблеми и на сите граѓани ќе им биде одговорено.
За угостителскиот еснаф утрешниот состанок прв тест за активно учество
За угостителскиот еснаф утрешниот состанок прв тест за активно учество.
Охридскиот форум на жени од СДСМ донираше топла облека и обувки во Црвениот крст
Тие ја покажаа својата хуманост преку оваа нивна традиционална акција наречена „Дарувај од срце“, а во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Од визија до акција
Целосна поддршка од УНЕСКО за процесот на воспоставување на погрнични резервати во охридско – преспанскиот регион. Од албанската страна постојат проблеми кои имаат негативно влијание врз еко системот и природните резервати, а надлежните ветија нивно решавање. Додека пак од нашата страна сметаат дека сега кога ја имаме целосната поддршка од меѓународниот фактор и треба да се искористи моментот за да се обезбеди стабилна иднина на природните вредности, со посебен акцент на Охридското Езеро.