ВМРО Народна: Југозападниот регион целосно да стане технолошко-индустриска развојна зона
Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО Народна партија, Владо Цветкоски, денешната прес конференција ја посвети на екомоскиот развој на југозападниот регион на Македонија, според него, токму овој регион е еден од најплодните со природни богатства и наместо да биде суровинска база за развој на скопскиот регион, тој смета дека треба менување на работите со што југозападниот регион би го добил заслуженото внимание.
Спас за стечајците, иднина за младите, СДСМ презентираше дел од изборната програма
На денешната прес конференција, присутен беше и носителот на кандидатската листа за пратеници од петтата изборна единица, Васко Ковачески.
Детали за двете германски инвестиции што треба да вработат 1800 охриѓани
Директорот на дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо на денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ДПМНЕ, се осврна и на делот со изградбата на слободната економска зона во охридско-струшкиот регион.
Контролирана исхрана после пост
Постот завршува вечерва. Лицата кои постеа за време на Велигденските пости треба контролирано и постепено во менито на исхрана да внесуваат производи од животинско потекло, објаснува д-р Виолета Мицкоска од охридската примарна здравствена заштита.
Настоски: Дејствувајте за доброто на сите
Денес со прес конференција пред новинарите излезе и политичката опција ГРОМ од Охрид. Носителот на листата Љупчо Настоски на своите граѓани им порача, „Бидете храбри и изберете го патот и изборната програма на ГРОМ. Додаде, тоа не значи дека немате стравови, туку дека сте одлучни да дејствувате за доброто на сите.
На ФТУ ќе се гради ботаничка градина
Ботаничка градина во Охрид. На факултетот за туризам и угостителство ќе се реализира овој интересен и сложен проект. Во таа ботаничка градина планирано е да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство.
Советот на Општина Охрид ја одржа 58та седница без советниците од ВМРО ДПМНЕ
Мнозинството во Советот го одби предлогот на ВМРО ДПМНЕ да му укаже на Градоначалникот да отпочне постапка за разрешување на директорот на ЈП Водовод Охрид. Опозициските советници револтирани поради тоа но и затоа што им се прифаќале укажувањата на низа теми ја напуштија седницата. Градоначалникот Константин Георгиески, пак, кажа дека позадината на ова напуштање на седницата е избегнување од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за точка на дневен ред која е против интересите на урбаната мафија во Охрид.
Зафат за подобро функционирање на Дневниот центар „Зраци“
Подолг период Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид се соочуваше со инфраструктурен проблем кој го отежнуваше нормалното работење на центарот. Проблемот наскоро ќе биде решен, велат од Јавното претпријатие „Нискоградба“.