Промовирана стратегијата за одржлив економски развој за 2013-2014
Промовирана стратегијата за одржлив економски развој за 2013-2014. Ваквата постапка е неопходна бидејќи само на таков начин може да се реализира програмата која преставува водич за развој на Охрид. Во завршна фаза е и стратегијата за рурален развој.
Објекот „Развигорче“, пуштен во употреба
Јасли, нови занимални и санитарни јазли денес беа пуштени во употреба во детската градинка „Развигорче“, во Охрид. Од Локалната самоуправа ветуваат дека до крај на оваа година а посебно наредната 2014, детската градинка ќе им биде врвен приоритет каде ќе инвестираат.
ЈП„Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво
ЈП „ Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво.
Во стовариштето на подружницата на Галичица, Македoнски шуми во моментов има за продажба околу 6000 метри просторно дрво, информираат од јавното претпријатие. Од нив 4500 се бука и 1500 просторни метри даб, напоменува в.директорот на ЈП Галичица, Зоран Неданоски. Тој додава дека од 1 септември интересот на граѓаните за купување на огревно дрво се зголемува.
„ Имаме доволни количини и нема опасност месното население да биде снабдено со огревно дрво. Покрај тоа што имаме доволни количини дрво во стовариштето има и околу 7000 просторни метри дрво во шума. Се надеваме дека до крајот на годината и оваа количин ќе ја донесеме во стовариштето и ќе го реализираме годишниот план на претпријатието“.
Потребите на населението во Охрид од огревно дрво се движат од 20-25.000 просторни метри. Месното население со дрва за огрев се снабдува од нашето стовариште, но и од приватни забрани и стоваришта, вели Неданоски. Ние им одобруваме плаќање на синдикалните организации и физички лица на шест месечни рати. Ваков договор имале склучено и со Клубот на пензионери од Охрид, но во меѓувреме го раскинале, вели Неданоски.
„ Договорот беше за испорака на 7000 просторни метри даб и 2000 бука, но го раскинавме заради неплаќање на ратите. Испорачавме само 1586 просторни метри даб и 443 просторни метри бука“, укажува Неданоски.
Во моментов од јавното претпријатие „ Галичица“ имаат испораки на огревно дрво и за скопските пензионери.
Цената на огревното дрво е непроменета од минатата година и се движи:
прва класа даб 2453,22 денари и 2370,62 денари за бука, а втора класа 1850,50 денари без разлика на видот на огревното дрво.
Помала колчина слободни просторни метри огревно дрво од охридската подружница се извезуваат и во соседна Грција и тоа околу 1000 просторни метри огревно дрво, информира Неданоски.
{loadposition content9}
Среќен крај на заложничката драма што попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро
Дел од грабнувачите беа ликвидирани за време на акцијата. За среќа, ова беше само показна вежба на Министерството за внатрешни работи.
Драма на сред чаршија во Охрид
Без дозвола тргаат врата, оштетуваат ѕидови на куќа, обвинува охриѓанката Љубица Мишева. Соседите и дојавиле што се случува во центарот на градот каде што таа и уште две фамилии 60 години имаат деловни простории.
Хотелиерите бараат поскоро вакцинирање на туристичките работници
Како што приближува сезоната така расте загриженоста на субјектите од туристичкиот сектор дали земјава ќе се најде на листата безбедни дестинации. За тоа потребна е имуницазија против ковид на вработените во туризмот. Доколку се потфрли во вакцинацијата на турисмот без гости од странство му се заканува колапс.
Солидна динамика во процесот на легализација
Во општина Охрид поднесени се вкупно 11 500 барања за легализација на бесправно изградените објекти. 2 500 од нив досега се завршени. Процесот на легализација посебно е интензивиран последниве 4 месеци со формирање на експертски комисии и конкретен акционен план.
Четири години од бродската несреќа
Делегација од локалната и од бугарскиот конзулат во Битола денес им оддадоа почит на жртвите од бродската несреќа која се случи пред четири години. Преставникот на бугарскиот конзулат рече дека во најскоро врема очекува општината да подигне подостоинствен паметник кој ќе потсетува на овој трагичен настан.