Skip to main content
Мар 31, 2014

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Охрид имаат по тројца кандидати. Од ВМРО-Народна како и од Граѓанската опција за Македонија имаме и носители на листа во петтата изборна единица.


Мар 31, 2014

Во текот на вчерашниот ден избувна пожар во близина на Хидробиолошкиот завод во Охрид, во кој беше опожарена површина од околу 5000 метри квадратни.


Мар 31, 2014

Брзо и едноставно, со телефонско јавување на бесплатна инфо линија 0800 33 000, секој граѓанин може да изврши промена на адресните податоци, телефонскиот број и е-пошта кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП.


Мар 29, 2014

За 2014та година нови простории за читачки проби во Центарот за култура, за 2015та пак или нови простории само за театарот или целосно нова театарска зграда.


Мар 29, 2014

Најголемите противници за издавање на паркинзите под концесија, сега истото им го предлагаат на градските избраници, реагира на денешната прес конференција на ОО на СДСМ.


Мар 28, 2014

Воспоставувањето на ЈП „Билјанини извори“ на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори, причина за повеќе реакции од опозиционерите. Директорот на ова јавно претпријатие, Ристе Мишев вели дека нема простор за критики.


Апр 23, 2021

Локалитетот Белчишко блато доби екотуристичка инфраструктура. Така во неговата околина изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци.


Мар 28, 2014

Организирано раздвижување за охриѓани.

Со возење велосипед, ролери и  пешачење утре  се организира   пролетно физичко  раздвижење за охриѓани. Општинската организација на Црвен крст Охрид со мотот Like za Bike ќе го поттикнува здравиот начин на живот кај охриѓани. Покрај бројните забавни, спортски и култруно забавни содржини може да се танцуваат самба и салса. Танцувањето е спорт и делува позитивно врз човековото здравје, вели Даниел Наумоски човекот кој се обидува во Охрид да го врати танцот во живот. За утрешната активност ангажирани се лица задолжени да ги размрдаат луѓето да танцуваат на звуците на латино американските танци, кажува Наумоски. Додава дека во градот танцувањето е подзаборавено.
ЦК
„ Ако споредиме како беше во Охрид некогаш и денес, тоа  е заборавено. Охрид беше револуционерен град во поранешна Југославија кој го развиваше танцувањето  и школата  за модерни танци. Таму  се обучуваа преку 1000 членови, а  сега околу 100-тина  максимум поминуваат низ курсевите.“

Утре ОО Црвен крст организира активност со која сите генерации се покануваат на  дружење. Претседателот на ОО ЦК, Сашо Точков ги поканува сите охриѓани утре да се приклучат на мотото Laik za Bike.

„ Ќе има низа спортски, културни и збавни содржини. Манифестациите  ќе се случуваат и ќе бидат организирани од наши волонтери и сограѓни кои ќе сакаат сончевиот ден да го споделат со нас. Предвидено е да има физички вежби, аеробик, латино американски танци, здравствени прегледи со цел да се поттикнат граѓаните повеќе да внимаваат на своето здравје.“

Тргнувањето е во 11 часот од пред платото на Центарот за култрура , а ќе с епешачи и спортува покрај езерскиот брег се до плажаат Горица 1 каде што ќе се одржуваат останатите планирани содржини. Со оваа активнсот продолжуваат планираните настани со кои се сензибилизираат граѓаните да внимаваат повеќе на својот на начин на живеење.
 

{loadposition content9}