Ное 15, 2023
УХМР
Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд
Во четврток во Македонија ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
Ное 14, 2023
Центар за јавно здравје
Намалување на тежината и 30 мин. физичка активност дневно, го преполовува ризикот од дијабетес
„Знај го ризикот, знај го одговорот“ е мотото на годинешната кампања на Светскиот ден на дијабетесот. Фокусот е врз ризик факторите, компликациите од болеста и достапноста на грижа за лицата кои живеат со ова хронично заболување. На национално ниво и во охридскиот регион бројот на лица со дијабетес е во пораст. Неопходно е подигнување на свесноста на населението за промени на животните навики за намалување на ризикот од дијабетес, а за лицата кои веќе ја развиле состојбата мониторинг и менаџирање со цел спречување на компликации.
Ное 14, 2023
УХМР
Сончево со мала облачност и температура до 16 степени
Од среда локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови.
Ное 13, 2023
Општина Охрид
Патната инфраструктура тема на емисијата Прашалник
Од општина Охрид децидни, недозволиво е децениско пролонгирање на еден автопат. Велат треба да се сноси и одговорност. Изградбата на автопатот Кичево Охрид и состојбата на патната инфраструктура во градот, беше тема на емисијата Прашалник.
Ное 13, 2023
Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост
Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на Личен асистент на лица со попреченост ќе биде отворен од 13.11. до 19.11.2023.
Ное 13, 2023
Општина Дебрца
Привршува изградбата на канализациониот систем во Волино
Согласно одлуките на советот на општината до Министерството за животна средина аплицирани се и проектите- за изградба на канализациона мрежа во село Велмеј,со пречистителна станица во село Грко Поле и за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта.
Ное 13, 2023
ОСУ ,,Свети Климент Охридски”-Охрид
Медали, дипломи и пофалници за охридски гимназијалци на 56. Детски Рацинови средби
Ученици од ОСУ ,,Свети Климент Охридски”-Охрид, заедно со посветените ментори, професорите по Македонски јазик и литература освоија грст медали, дипломи и пофалници на 56. Детски Рацинови Средби.
Ное 13, 2023