Се обновуваат две релации на градскиот линиски превоз
Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување. Граѓаните, особено постарата популација задоволни од иницијативата на локалната.
Еднаш месечно Бакрачески во обиколка на градот
Градоначалникот Никола Бакрачески во обиколка на градот. Тој заедно со директорите на охридските ЈП како и со раководителите на општинските сектори изврши увид на местата каде што се изведуваат зацртаните проекти кои се предвидени во годинешната програма. Дел од посетата беше и улицата Петрино.
Во холивудска потера, полицијата заплени 86 килограми марихуана кај Ботун
Дрогата била откриена во патничко моторно возило со охридски регистарски таблички. Возачот на возилото се обидел да ја избегне полициската контрола кај превојот Пресека, и се дал во бегство.
Локалната со големи планови за земјиштето од поранешната касарна
Една од локациите која е од посебен интрес за локалната самоуправа е некогашната касарна.
Градинката „Јасна Ристеска“ бара доградба и изградба на 2 нови објекти
Градинката „Јасна Ристеска“ бара доградба и изградба на 2 нови објекти.
Во прекин осветлувањето на дел од регионалниот пат Охрид – Свети Наум
Речиси цел месец, дел од овој регионален патен правец, во должина од два километри е во целосен мрак.
Владата усвои 10 заклучоци за заштита на Охридскиот регион
Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции.
Гробот на Григор Прличев обраснат со трева и расфрлан со ѓубре
Паркот каде се наоѓа гробот на Григор Прличев обраснат со трева и расфрлан со ѓубре. Оваа слика не му доликува на вечното почивалиште на вториот Хомер, реагираат граѓаните. Надлежните ветуваат дека за брзо ќе се уреди ова место и ќе си го добие вистинското значење.