Неколку охридски фамилии живеат во лоши услови
Приземната куќа која се наоѓа веднаш до маларична е на распаѓање. Четирите фамилии кои 5 децении живеат тука стравуваат дека секој миг таванот ќе им се сруши врз глава. Слична е судбината и на уште 6 семејства на Железничка, кои се жалат на неподносливи услови за живот во влага и секојдневно распаѓање на нивните објекти, бараките.
НВО „ХЕРА“ со петиција бара сеопфатно сексуално образование во училиштата
„За последен 1ви Септември без сеопфатно сексуално образование“, ова е името на кампањата која невладината „ХЕРА“ ја спроведува деновиве.
Соединување на каменот со дрвото
Соединување на каменот со дрвото. Ова е мотивот на втората самостојна изложба на Анета Вршкоска Јованоска. Таа вели дека уметноста продолжува да живее во нејзе и ќе твори и во иднина. Дел од експонатите на оваа изложба ќе бидат продадени, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
„Дванаесетте од Папрадник“-охриѓанките кои покажаа колку благородна е професијата просветен работник
Да се биде просветен работник одсекогаш било благородна професија. Ова важи двојно повеќе за дванаесетте учителки кои далечната 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат да предаваат во малото село Папрадник, дебарско.
Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид
Ќе се реконструира или дислоцира Здравствениот дом во Охрид? Ова дилема сеуште постои, а се чека да ја разреши Министерството за здравство. Охриѓани со поделени мислења.
Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април
Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата.
Охриѓани подготвени за државниот натпревар по Прва помош
Финални подготовки на тим од Црвениот Крст за државното првенство по Прва помош.
Се намалува стапката на невработеност во Охрид, но и на ниво на држава
Причини за ваквата слика се активните програми и мерки кои ги спорведувaат Министерството за Труд и Социјална Политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, а посебно поволностите кои работодавачите ги имаат при вработување нови лица и доедукација и преквалификација на веќе вработените.