Жители протестираа против решение за градба на четвороспратен објект во старото градско јадро
Сопствениците на соседните куќи велат дека се против дволичното толкување на законот за заштита на Охрид од институциите кои издаваат одобренија за градба на моќници кои го деградираат заштитеното старо градско јадро. Бараат да се почитуваат законските одредби и да се повлече актот за градба на објектот.
Спомен обележјето за Водици-ќе биде поставено во првата половина на 2014та
Вака било договорено на работната средба со градоначалникот Никола Бакрачески. За да започне целиот процес, се чека само одобрението за градба.
Филантропите од Охрид и Струга добија празнанија за нивните несебични залагања
Четириесет и двајца филантропи го донирале своето време, знаење, енергија, талент и материјални средства во охридско-струшкиот регион.
Проблемите од урбанизмот на видело
Проблемите од урбанизмот на видело. И овој вторник раководителите на Секторот за урбанизам остварија непосредна средба со жителите на сите урбани заедници од Охрид. Целта е да ги слушнат тековни проблеми на граѓаните од нивната сфера.
Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона
Новата театарска сезона место како што беше најавено, со Сонот на летната ноќ од Шекспир ќе започне со друга претстава. Причина за тоа е што техничките соработници од странство не можат да дојдат поради други обврски со кои се зафатени.
Охридскиот регион заштитен од полио вирусот
Охридскиот регион заштитен од полио вирусот.
Сите музеи под капата на Завод и музеј, физички адекватно обезбедени
Освен тоа, за адекватно и целосно обезбедување на експонатите и поставките, имаат и видео надзор и алармни уреди.
На барање на публиката повторно РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ – стендап шоу на Никола Тодороски
Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.