Skip to main content
Окт 7, 2026
Податоците за времето, водостојот и промените во природната средина во Преспанската Котлина отсега се следат континуирано, преку метеоролошка и хидролошка станица поставени во рамките на проект за заштита на пештерските екосистеми во Националниот парк „Галичица“. Мониторингот треба да покаже како климатските промени влијаат врз овие чувствителни екосистеми и да обезбеди научна основа за нивна долгорочна заштита.

Окт 7, 2026
По 11 години застој, изградбата на затворениот базен во Охрид конечно ќе продолжи, откако Владата донесе одлука за завршување на проектот и обезбеди 470 милиони денари. Од Општина Охрид очекуваат по отворањето на тендерската документација да биде познат и конкретниот рок за завршување, кој не се очекува да биде подолг од две години.

Окт 7, 2026
Со инвестиции од над 200.000 евра во периодот од 2023 до 2026 година, ООУ „Христо Узунов“ влезе во новата учебна година со целосно обновени делови од училишниот објект и современа опрема. Најголемиот дел од работите се реализирани во текот на летото, а вложувањата опфатија реконструкција на простории, нови подни површини и врати, подобрување на системот за греење, нова информатичка училница и дополнителни интерактивни табли.

Угостителство
Окт 7, 2026
Цените во периодот јануари-септември 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.1 %.

Окт 7, 2026
православен календар
Светата првомаченичка Текла рамноапостолна

Окт 7, 2026
УХМР
Во Охрид денес температурите од 5 до 22 степени Целзиусови.

Окт 6, 2026
Со обезбедувањето на средствата и создавањето на услови за продолжување на работите, затворениот базен во Охрид по повеќе од една деценија застој влегува во нова фаза со очекување конечно да биде ставен во функција.

Окт 6, 2026
Енергетската транзиција станува дел од образовната инфраструктура во Охрид, каде со милионски инвестиции се реконструираат училишните објекти, се поставуваат енергетски фасади, нова дограма и системи за греење, а се воведуваат и фотоволтаици со цел поголема енергетска ефикасност, пониски трошоци и подобри услови за учениците и наставниот кадар.