Ное 6, 2023
79 години Охрид слободен
Со промоција на книга за 60 год. јубилеј на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ започнува одбележувањето на Денот на ослободување на Охрид
Свеченостите започнуваат денеска со промоција на книгата: Детска градинка „Јасна Ристеска“ -краток историјат за периодот од 1950 до 1990 од д-р Никола Митровиќ.
Ное 6, 2023
УХМР
Сончево со мала облачност и температура до 18 степени
Од среда до крајот на работната недела температурите ќе опаднат за 2 до 5 степени.
Ное 4, 2023
ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” и Црвен Крст Охрид
Учениците во ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” изведоа симулирана евакуација при пожар
Вежбата, којашто беше наменета за учениците од прва и трета година, беше успешно спроведена во соработка со Црвен крст од Охрид.
Ное 4, 2023
СВР Охрид
Приведен дилер од Охрид, пронајден кокаин
Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од МВР.
Ное 4, 2023
Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид
Во тек се интензивни зафати за реконструкција на Кардиолошки центар – Охрид
Во тек се интензивни зафати за реконструкција на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид. Со зафатите за реконструкција на Кардиолошкиот завод се очекува за околу 30% да се намалат вкупните трошоци на болницата.
Ное 4, 2023
УХМР
Облачно со врнежи од дожд и температура до 14 степени
Викендов не очекува облачно и посвежо време со врнежи од дожд. Во недела кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето, соопшти УХМР.
Ное 3, 2023
ХОТАМ
ХОТАМ: По успешната туристичка сезона се очекуваат инвестиции во хотелскиот сектор
Хотелиерите на брегот на Охридското Езеро задоволни, велат туристичката сезона оваа година беше продолжена и траеше до крајот на октомври. Оваа зима нема да има затворање на хотели, нема ниту отпуштање на вработени од хотелско туристичкиот сектор. После успешната туристичка сезона се очекуваат поголеми инвестиции за подобрување на условите и понудата.
Ное 3, 2023
АДКОМ
Затворањето на депонијата Буково ќе ја чини општината околу 3 милиони евра
На тема „Негативното влијание на дивите депонии врз животната средина” денеска во Охрид се разговараше на средба организирана од Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот е во рамки на проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи комунални услуги“ .