Чагаљ: РК Струга е предизвик
Охридскиот ракометен клуб утре го очекува уште едно гостување. Во напорниот ритам од два натпревари во една недела популарните гладијатори очекуваат нови бодови во езерското дерби. Уморот е присутен кај ракометарите но тие ветуваат, како и секогаш ќе го остават срцето на терен.
Дел од центарот на Охрид утре без вода
Поради приклучок на главна водоводна линија, утре среда 26.02.2014 дел од централното градско подрачје ќе остане без вода.
70 години од убиството на Кузман Јосифовски Питу
Денес Сојузот на борци одржа трибина по повод два јубилеи, 70 години од убиството на народниот херој Кузман Јосифоски Питу и 70 години од февруарскиот поход. Овие два настани се од исклучителна важност за историјата на македонската држава, изјави познатиот историчар проф. Наце Иваноски.
Изборот на матичен ветеринар дава позитивни резултати
Изборот на матичен ветеринар дава позитивни резултати.
Донација во музички инструменти за ОМУ „Методиј Патчев“ од Охрид
Денес, во основното музичко училиште „Методиј Патчев“, со почеток во 11:30 часот, градночалникот Никола Бакрачески и претставници од Фондацијата „Македонија 2025“ ќе ги донираат музичките инструменти, кои се донација на Фондацијата „Македонија 2025“.
Продолжува реализацијата на проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“
Здружението „Јадрански Слив“ и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците за рибниот фонд во Охридското Езеро.
И охридските животинчиња ќе си добијат матични ветеринари
Матичен ветеринар за секое животно што се наоѓа во регистарот на државата, слично на матичните лекари што ги имаат луѓето, ќе треба да си одбере секој одгледувач на животни во наредниот период.
Teчe рокот за запишување во Регистарот на вистински сопственици
Обврска да се запишат податоци на вистинските сопственици меѓу другите имаат трговски друштва, здруженија, сојузи, фондации, комори, синдикати, политички партии. Оваа обврска не се однесува на трговци поединци и самостојни вршители на дејност.