Демонтиран еден од билбордите кои беа запленети од УЈП
Во текот на вчерашниот ден беше демонтиран еден од рекламните билборди, кои се поставени на Бул.„Туристичка“.
Инфо средби со млади невработени лица во Општина Охрид
Центарот за вработување, во четврток, во општинската зграда ќе одржи средби со млади невработени лица.
МТЦ: Наводите на ОО СДСМ Охрид се целосни невистини
Министерството за транспорт и врски најостро реагира на денешната прес-конференција на општинската организација на СДСМ.
Претставници од сродни институции во посета на охридскиот завод и музеј
На почеток на месецов во работна посета на Охрид и Завовд за заштита на на спомениците, Завод и Музеј Охрид престојуваа Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерџани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.
Нема испраќање пакети по шофер на автобус без лиценца
Ќе се врши поштенско лиценцирање на автобуските и такси-превозниците коишто сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град. Најголемиот авто превозник во градов АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање. Доколку автопревозниците не поседуваат ваква лиценца, а вршат превоз на пратки ќе плаќаат високи глоби.
Наместо столбчиња засега само еден камен
Сеуште нема нови столбчиња на премините на бул. Туристичка и Железничка, каде несовесни граѓани ги уништиле ваквите препреки.
СДСМ ни остави милионски долгови, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ
СДСМ осум години можеше да покаже на дело убави работи за Охрид, а остави само милионски долгови без реализација на ниту еден витален проект. И токму тие се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО ДПМНЕ успева да ги санира штетите од владеењето на СДСМ, рече Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Состојбата со грипот во Охрид, стабилна
Стабилна е состојбата со грипот во Охрид. Во текот на првата недела од 2014 година биле регистрирани 18 заболени од грип, додека пак до изминатата недела бројката се зголемила на 110. Епидемиолозите и инфектолозите велат дека иако бројаката на заболени од грип е во благ пораст, состојбата не е ништо поалармантна во споредба со минатата година нема