Skip to main content
Окт 30, 2023
Животна средина
Со почеток на грејната сезона започнуваат и проблемите со загадувањето на воздухот. Во охридскиот регион мапирани се 36 јавни објекти кои користат мазут или нафта. Државниот инспекторат за животна средина ги проверува емисиите на големите инсталации но и на останатите објекти кои имаат елаборати за заштита на животна средина. Оттаму велат дека препораките генерално се почитуваат. Инспекторат изминатава година поднел само една кривична пријава за загадување на животната средина.

Окт 30, 2023
УХМР
Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд.

Окт 27, 2023
Служба за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид
Оперативниот план е подготвен, кампањата стартува во понеделник на 30ти октомври со бесплатно вакцинирање против сезонски грип на жителите на Општина Дебрца. Ќе трае цел месец ноември при што со теренска имунизација ќе бидат опфатени градот Охрид со селата и населбите и Општина Дебрца.

Окт 27, 2023
ЈП за државни патишта
Активностите се одвиваат на државниот пат Р1301, делница: Охрид – Свети Наум, подделница Коњско – ГП Свети Наум. Со проектот не е предвидена реконструкција туку само рехабилитација.

Окт 27, 2023
Министерство за животна средина и просторно планирање
Јавната расправа по Студијата ќе се одржи на ден 31.10.2023 година (вторник) во големата сала на општина Новаци со почеток во 12 часот.

Окт 27, 2023
Подгответе ги учесничките броеви-талончиња
Извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на интернет.

Окт 27, 2023
ЈП Охридски Комуналец
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Окт 27, 2023
МЦО
Ќе биде презентирана и нова методологија имплементирана од Германски Институт во Р.Македонија – ProfilPASS