Skip to main content
Окт 2, 2013

Градоначалникот Никола Бакрачески во обиколка на градот. Тој заедно со директорите на охридските ЈП како и со раководителите на општинските сектори изврши увид на местата каде што се изведуваат зацртаните проекти кои се предвидени во годинешната програма. Дел од посетата беше и улицата Петрино.


Окт 2, 2013

Дрогата била откриена во патничко моторно возило со охридски регистарски таблички. Возачот на возилото се обидел да ја избегне полициската контрола кај превојот Пресека, и се дал во бегство.


Окт 2, 2013

Една од локациите која е од посебен интрес за локалната самоуправа е некогашната касарна.


Окт 2, 2013

Градинката „Јасна Ристеска“ бара  доградба и изградба на 2 нови објекти.


Окт 2, 2013

Речиси цел месец, дел од овој регионален патен правец, во должина од два километри е во целосен мрак.


Мар 24, 2021

Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции.


Окт 1, 2013

Паркот каде се наоѓа гробот на Григор Прличев обраснат со трева и расфрлан со ѓубре. Оваа слика не му доликува на вечното почивалиште на вториот Хомер, реагираат граѓаните. Надлежните ветуваат дека за брзо ќе се уреди ова место и ќе си го добие вистинското значење.


Окт 1, 2013

Побарувањата на охриѓани за добивање социјален стан се реални, но условите за добивање тешки, информираат од регионалната подружница на Агенцијата за станбен и деловен простор од Охрид. Раководителот Гоце Георгиески обелоденува дека во Охрид нема ниту еден  слободен стан од категоријата на социјалните станови, додека пак комерцијални станови има и тоа на добра локација и по поволни цени и услови за отплата.