Се урна половина куќа на улицата Климентов униветзитет
Се урна половина куќа во срцето на Охрид.
Разрешен директорот на струшката општа болница
Министерот за здравство Венко Филипче го разреши директорот на Струшката болница, д-р Мухамед Асани и најави дека денес или утре ќе се назначи нов директор. Ваквата одлука која министерот ја соопшти на денешната прес конференција е поврзана со случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар на која при породување со царски рез кој го вршел Асани во Струшката болница и биле отстранети матка, јајник и бубрег.
Изгоре семејна куќа во населбата Кошишта
Семејството Рустем остана на улица. Во пожар изгоре нивната семејна куќа. Тие бараат помош од институциите и од хуманите граѓани.
Германска подршка за високото образование во Македонија
За добра академска и професионална иднина на ФТУ, потребна е соработка со реномирани факултети. Во таа насока оди соработката со германските универзитети, истакна деканот на ФТУ Сашо Коруноски, кој денес во просториите на факултетот оствари средба со истакнати професори од Универзитетот Кемниц.
Започна трката по студентски индекс
На државните универзитети денеска и утре е пријавувањето за запишување во прва година во академската 2013/2014 година.
Узурпирани тротоари
Автомобилите по тротоарите а пешаците на коловози. Граѓаните реагираат: На голем број локации во градов тротоарите се узурпирани од автомобили, додека пак мајките со колички се принудени да слезат од тротоар и да се движат по коловозот. Надлежните засега делуваат само со превентивни мерки.
Јубилејно издание на поетската ноќ во Велестово
Јубилејно издание на поетската ноќ во Велестово. 25 годишнината ќе донесе повеќе новини во оваа реномирана поетска манифестација. Годинава таа пред се ќе биде посветена на младите македонски поети.
Иницијатива за прогласување на Ресторан Парк за споменик на културата
Граѓанската иницијатива Охрид SOS поднесе иницијатива за прогласување на ресторан дискотеката „Парк“ во Охрид за споменик на културата. До прогласувањето, активистите бараат итна привремена заштита на недвижното добро според Законот за заштита на културното наследство.