Окт 6, 2023
Општина Охрид
Се поставува атмосферска канализација на ул “Караорман”
Вредноста на зафатот изнесува 1 332 058 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.
Окт 6, 2023
УХМР
Променливо облачно со сончеви периоди
Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.
Окт 5, 2023
Општина Охрид
Се асфалтираат улици во Орман
Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Окт 5, 2023
ЈП Градски пазар
ЈП Градски Пазар Охрид издава деловни простории под закуп
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид најдоцна до 10.10.2023 до 12 часот.
Окт 5, 2023
Општина Охрид
Се гради детско игралиште во Косел
Средствата за иградба на игралиштетот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Окт 5, 2023
ЈУНП Галичица
ЈУНП Галичица ќе спроведе оценување на ефикасноста на управувањето со заштитеното подрачје
Работилницата за оценување на ефективноста на управувањето со Национален парк Галичица за 2023 год. ќе се одржи на 12.10.2023 година, со почеток во 10.00 часот во просториите на установата.
Окт 5, 2023
НУ Библиотека Григор Прличев
Отворен ден во градската библиотека и бесплатно членство за млади
Отворен ден во библиотеката и бесплатно годишно членство за посетителите млади читатели од прва година во средно образование, па се’ до 29 годишна возраст.
Окт 5, 2023
УХМР
Сончево со температура до 23 степени
Денеска во Охрид ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 23 степени.
Во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер.
Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.
фото: Ѓоко Симјаноски