Skip to main content
Сеп 13, 2023
УХМР
Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд.

Сеп 12, 2023
НУ Завод и Музеј и УИНТ
Охридскиот Завод и Музеј, во соработка со УИНТ, домаќини на регионалниот реставраторски камп, чијашто крајна цел е создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион. Студенти од разни градови од соседни балкански земји, деновиве во Универизтетот Св. Апостол Павле од меѓународни и домашни експерти учат како најсовремените дигитални технологии да ги користат со цел евиденција, инвентаризација, дигитализација, на нашето културно богатство. Проектот во октомври продолжува со реализација во Поградец, соседна Албанија.

Сеп 12, 2023
СВР Охрид
Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил доградба на деловен простор со имотен лист во државна сопственост.

Сеп 12, 2023
Научниците во земјава ќе може да ги споделуваат научните трудови, анализи и збирки податоци со своите колеги во Европа, а ќе имаат пристап и до нивните платформи преку посебната лабораторија „Европски облак за отворена наука“ (Open Science Cloud) која е инсталирана на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Сеп 12, 2023
Општина Охрид
Делегации на Спомен-обележјето на востаниците во селото Велгошти положија свежо цвеќе.

Сеп 12, 2023
Регионална Занаетчиска Комора Охрид
Занаетите  изумираат, а години наназад  нема  план да се  спречи овој процес. Потребна е долгорочна стратегија за да се спречи изумирање на занаетите.Охридските занаетчии изработија  таква стратегија која  ќе ја достават до Владата и министерството за економија. Бараат да се реагираа се додека и последните дуќанџии не ставиле клуч на врата.

Сеп 12, 2023
Младински центар Охрид
Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетрање од 2 месеци.

Сеп 12, 2023
УХМР
До четврток ќе се задржи топло и стабилно време.