Skip to main content
Окт 23, 2024
ухмр
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 19 степени Целзиусови.

Окт 22, 2024
Во втората книга „За Македонистиката отворено“ на 480 страници се опфатени 28 радио разговори за Македонскиот јазик и литература, за кодификациските фази на јазикот, за неговата граматика, за делата на Свети Климент и Наум Охридски, за делата на Мисирков, Прличев, Конески, Шопов, Рацин, за низа лингвистички теории.

Окт 22, 2024
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид одбележува 15 години од основањето со добивање акредитација за воведување докторски студии по комјутерски науки и инженерство. Денеска во просториите на универзитетот се одржа свеченост по повод јубилејот и патрониот празник. Се навраќаме во минатото да ги согледаме нашите минати успеси, да ги прославиме, но и да гледаме во иднината да си дадеме нови ветувања, да си поставиме нови цели, истакна во своето обраќање ректорот Проф. д-р Иван Бимбиловски.

Окт 22, 2024
Најавените туристи од европските земји ќе го зголемат туристичкиот приход и ќе ја раздвижат локалната економија. На Балканска тура, на која ќе одат Французи, Германци и Англичани се очекува гостите да трошат од 30 до 50 милиони евра годишно во Скопје и Охрид, а сегашниот број на туристите во нашата земја ќе се зголеми за 10 до 15%.

Окт 22, 2024
Ј.П. ,,Охридски Комуналец”
Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Окт 22, 2024
Настанот ќе се одржи во 12.00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе се прослават достигнувањата на оваа високо-образовна и научна институција.

Окт 22, 2024
центар за култура охрид
Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

Окт 21, 2024
Секое деликатно парче накит или украс се изработува рачно, од правењето тенки нишки до нивното виткање и плетење во крајниот дизајн. Еден од неколкумината продолжувачи на оваа стара форма на уметност е Митко Укоески кој работи во охридската чаршија во дуќанот на најпознатиот кујунџија Вангел Деребан.