Јул 4, 2023
Армијата и Планинската спасителна служба поблиску до граѓаните
Утре отворен ден со Армијата и ПСС при Црвен крст Охрид
Дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени.
Јул 4, 2023
СВР Охрид
Охриѓанец нападнал полицајци кои преземале службени дејствија во врска со рибокрадство
Лицето е уапсено и против него ќе следи пријава, велат од СВР Охрид.
Јул 4, 2023
62-ро издание на Балкански фестивал на народни песни и игри
Балкански фестивал ги промовира Охрид, традицијата и фолклорот
Со изложбата на фотографии на најубавите народни носии „Од Љубаништа до Дебор“ од колекцијата на Љупчо Милошески, започнуваат фестивалските денови на 62то издание на „Балканскиот фестивал на народни песни игри“. Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, ќе го отвори годинешното издание на фестивалот.
Јул 4, 2023
Уписи во средни училишта
Одредени струки во средните училишта во Охрид и Струга пополнети во јунскиот рок
Од МОН соопштуваат дека средните училишта во државава 4.603 се запишани во гимназиско образование, а 10.277 во стручно образование.
Јул 4, 2023
УХМР
Претпладне сончево попладне со услови за дожд
Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 29-тиот степен.
Јул 3, 2023
МЖСПП сѐ уште нема официјална информација од албанска страна
Кај Тушемиште на брегот на Охридското Езеро се гради со полна пареа
И покрај реакциите на албанските и македонските екологисти, од Тушемиште до Дрилон на самиот брег на Охридското Езеро и натаму се гради со полна пареа. Во период кога Унеско бара мораториум на градба, албанските власти градат пристаниште и шеталиште во заштитениот појас. Македонското министерство за животна средина се уште нема добиено никаква официјална информација од албанската страна за било какви градежни активности.
Јул 3, 2023
Куп за едрење на Охридско езеро
Се одржа првата годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“
На оваа прва годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“ на Едриличарска федерација на Македонија учествуваа 15-тина едрилици од клубови од Охрид и Скопје.
Јул 3, 2023
Центар за јавно здравје
Mобилни екипи на ЦЈЗ земаат материјали за микробиолошка анализа во домашни услови
Услугите на ЦЈЗ подостапни за ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги.