Skip to main content
Јан 30, 2025
Термалните камери ќе помогнат за побрзо лоцирање на извори на пожар, а изолационите апарати ќе обезбедат сигурност при работењето во задимени и токсични средини.

Јан 30, 2025
Денеска советниците и советничките во Советот на Општина Охрид ги обоија дланките во разни бои во знак на поддршка и подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести.

Јан 30, 2025
Дневниот ред на денешната седница беше надополнет со измени на програми и алокација на буџетски средства со цел набавка на полуподземни контејнери со кои ќе се решава проблемот со управување со отпадот на неколку локации во градот.

Јан 30, 2025
Мнозинството во градскиот совет на денешната седница изгласа измени на Планот за вработување во општина Охрид за 2025година кои предвидуваат 8 унапредувања и 13 нови вработувања. Опозицијата обвини дека власта не е сериозна во однос на намалување на превработеноста во општинската администрација. Од локалната власт пак тврдат дека на крај на мандатот бројот на вработени ќе биде ист како тој што го затекнале. Вработувањата во општинската администрација како секогаш и на денешната седница беа причина за жестока дискусија и политички препукувања од советничката говорница.

Јан 30, 2025
Иако беше некнижевен, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше свети Атанасиј Велики. Кога некои елински философи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“

Јан 30, 2025
Денес температурите во Охрид во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.

Јан 29, 2025
Познатиот професор по виолина Методија Бараковски – Менде и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, почина минатата седмица во 82-та година од животот. Бараковски беше еден од најистакнатите дејци од културниот и музичкиот живот во Охрид кој целиот свој работен век го посвети на најмладите таленти во Охрид.

Јан 29, 2025
Проектот доби поддршка од Агенцијата за промоција на туризмот како настан од светски ранг преку кој ќе бидат презентирани македонските културни знаменитости, традиционалната храна и вина.