Сеп 28, 2026
Екипата на Црвен крст Охрид втора на Државниот натпревар по прва помош
Од Црвен крст Охрид упатија честитки до сите учесници на Државниот натпревар, а особено до членовите на охридската екипа за нивната посветеност и вложениот труд во текот на подготовките, како и за покажаното знаење и вештини на самиот натпревар.
Сеп 28, 2026
Продолжува реконструкцијата на „7-ми Ноември“
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати апел до сите учесници во сообраќајот за разбирање и трпение во периодот на изведување на градежните работи.
Сеп 28, 2026
Утре трет уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Подетални информации за слободните места, потребната документација и условите за запишување се достапни во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии, објавен на веб страната www.uist.edu.mk.
Сеп 28, 2026
Охрид во петокот беше домаќин на XVIII Меѓународна научна конференција INSCOSES 2026
На конференцијата беа презентирани научни трудови од областа на туризмот, угостителството, економијата, меѓународната трговија, логистиката, финансиите, осигурувањето и дигиталната трансформација.
Сеп 28, 2026
УХМР
Денес променливо облачно со сончеви периоди, максималните температури до 22 степени Целзиусови
Денес во Охрид тепературите од 9 до 22 степени Целзиусови.
Сеп 25, 2026
Новото болничко крило во Специјалната болница „Св. Еразмо” ќе биде ставено во употреба до крајот на годинава
По десет години застој, до крајот на годинава треба да заврши реконструкцијата на новото болничко крило во „Св. Еразмо” во Охрид. Инвестицијата надминува два милиони евра, а со новите капацитети болницата треба да добие четири операциони сали и услови за развој на нови медицински услуги.
Сеп 25, 2026
„Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври
Системот „Безбеден град“ од 12 октомври ќе започне да се применува во Охридскиот регион, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Системот ќе ги опфати Охрид, Струга, Кичево и Дебар, а од почетокот на идната година на западната граница се очекува да започнат и активности на Фронтекс.








