Ное 3, 2024
ухмр
Продолжува сончевото време со студени утра
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 16 степени Целзиусови.
Ное 1, 2024
На Југозападниот регион му е потребен државен дом за стари лица
Во Југозападниот регион се погласно се зборува за потребата од Дом за стари лица. Старечкиот дом кој се гарди во Далјан нема да ги исполни очекувањата затоа што ретко кој пензионер ке може да се смести во него ако нема субвенции од државата.
Ное 1, 2024
УИНТ „Св Апостол Павле„ од голема важност за охридскиот регион од економски и социјален аспект
Информатичките технологии се водечки генератор на економскиот раст. Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ Охрид преку продуцирањето на кадри за употреба на новите технологии и иновации има стратешка важност од образовен аспект. Но оваа високобразовна установа е важна за Охрид и регионот и за развој на локалната економија и од социјален аспект.
Ное 1, 2024
СВР Охрид
СВР Охрид: опожарена езерска трска во близина на Пештани
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Ное 1, 2024
Времето денес променливо облачно со сончеви периоди и температури до 17 степени Целзиусови
Во Охрид температурите ќе се движат од 5 до 17 степени Целзиусови.
Окт 31, 2024
Китески: На следниот владин повик ќе аплицираме со проектот за искористување на Свинишки извори
Советниците на денешната седница изгласаа измени и дополнувањата на развојната и годишната програма за уредување на градежното земјиште и беше извршена алокација на средства во буџетот за 2024 година. Целта е да се предвидат средствата во буџетот и да почнат постапки за избор на изведувачи за проектите кои и беа одобрени на општината на повикот од владата за реализација на капитални проекти со државна помош. На забелешка дека се аплицирало со малу прокети кои моше сама општината да ги реализира, секлретарот одговори дека секој прокет е важен за подобрување на животот на граѓаните и додаде дека веќе на наредниот повик ќе се аплицира со проектот за искористување на Свинишките извори.
Окт 31, 2024
Општина Охрид парично ќе награди пожарникари и членови на доброволни ПП друштва кои секојдневно се бореа со пожарите
Пожарникарите кои во критичниот период кога Охридскиот регион летово беше зафатен од неколку големи пожари беа постојано на терен во борба со огнената стихија, општината парично ќе ги награди. На предлог на командирот на Територијалната противпожарна единица на списокот за награда се 19 пожарникари и неколку членови на две доброволни противпожарни друштва. По оваа точка на денешната седница на совет се разви бурна дискусија. Од говорницата беше побарано да бидат наградени сите пожарникари, да се наградат и вработените во јавните претпријатија кои беа ангажирани за помош во гасењето на пожарите како и доброволци.
Окт 31, 2024
ЈП Водовод – Охрид
Без вода корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, 2 часа без вода ќе бидат корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк, информираат од ЈП Водовод – Охрид.







