Јун 28, 2024
Детскиот настан „Весели Ѕвончиња“ денес за најмладите
Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид, а сите посетители ќе добијат пригоден подарок од Стоби флипс.
Јун 27, 2024
Бројот на бездомни кучиња во Охрид расте
Иако два пати месечно општина Охрид спроведува стерилизации на бездомните кучиња, бројот и натаму расте. Активистите бараат долгорочно решени на проблемот, изградба на стационар, поголема контрола и спроведување на законот.
Јун 27, 2024
СВР Охрид
Физички нападнато 82 годишно лице на улицата „Аџи Мустафа“
Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
Јун 27, 2024
ОСУ „Св. Климент Охридски“ во новата учебна година ќе работи во една смена
Охридската гимназија со нов концепт за работа.
Јун 26, 2024
Општина Охрид
Започна проектот „Да ги овековечиме вредностите“
Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои оставиле трага во охридската и македонската меморија.
Јун 26, 2024
Охрид подготвен за третото издание на Фестивалот на виното
Утре започнува третиот Фестивал на виното во Охрид. Голем број винарии ќе ги презентираат своите најдобри вина а за забава на охриѓани и гостите ќе се погрижат охридски бендови, ди џеи и македонски изведувачи. На трите фестивалски вечери ќе има и стендап комедија. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди кои ќе настапат, тоа и го ветуваат, кажа градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција.
Јун 26, 2024
ЈП „Колекторски систем“ ги доби готовите проекти за пречистителни станици изработени од шпанска проектантска фирма
Проектните документации за изградба на нова пречистителна станица во Подмоље, пречистителни станици во Љубаништа и Радожда како и за комплетна реконструкција и ревитализација на пречистителната станица во Враништа денеска беа предадени на ДЈП „Колекторски систем“ од страна на шпанската консултантско проектантска фирма ИДОМ. За реализација на проектите потребно е да се обезбедат околу 28 милиони евра.
Јун 26, 2024
Центар за стимулација на раст и развој, едукација и советување „Мали стапала“ започна со работа во Охрид
„Мали Стапала“ е Центар за стимулација на раст и развој, едукација и советување кој неодамна започна со работа во Охрид. Наменет е за индивидуална работа со деца на возраст од 0 до 7 години со доцнење во развојот или атипичен развој, преку посебен план за секое дете според неговите потреби. Во центарот се врши и едукација и советување на родителите. Во Мали стапала има и програма за предучилишна подготовка за идните првачиња.