Ное 22, 2024
Расте бројот на деца со ран пубертет
Според психолозите границата е доста поместена, денес во пубертет влегуваат деца на 7 или 8 годишна возраст. Психолозите ги повикуваат родителите да обрнат поголемо внимание на промените кај своите деца и да побараат помош од психолог и да се советуваат за полесно надминување на раниот пубертет.
Ное 22, 2024
Спортот е клучен за превенција и намалување на деформитетите кај децата
Поразителни бројки, околу 60% од децата во охридско струшкиот регион имаат деформитети на рбетниот столб или обезност. Главна причина недоволна физичка активност. Влијание има и погрешното држење на телото, скоро 20 отсто од првачињата и до 40 отсто на децата до завршување на основното образование, се соочуваат со физичко нарушување.
Ное 22, 2024
СВР Охрид
Приведена 30 годишна жена од Струга во Охрид, полицијата кај неа пронашла марихуана
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ное 22, 2024
православен календар
Преподобна Матрона Цариградска Света Петка
Денеска се одбележува спомен на Преподобна Матрона Цариградска-Света Петка, голем христијански православен празник.
Ное 22, 2024
општина охрид
Решение за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата
Решение за финансирање на предлог –идеи од јавен интерес на општина Охрид во областа на културата кои ќе бидат составен дел од Програматаза култура за 2025 година.
Ное 22, 2024
ухмр
Времето денеска облачно со врнежи од дожд
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 6 до 14 степени Целзиусови.
Ное 21, 2024
општина охрид
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ, урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена на дел од КП821/1 КО Косел
Целта на урбанистичкиот проект е формирање на градежна парцела првенствено заради откуп на државното земјиште кое е во функција на постојните објекти кои се во приватна сопственост, како и создавање услови за нивна евентуална надградба.
Ное 21, 2024
Ученици од Јахја Кемал гости во ТВМ по повод Светскиот ден на телевизијата
21 ноември се одбележува како Светски ден на телевизијата. Традиционално на овој ден регионалнаата ТВМ секоја година е посетена од ученици од училиштата од регионов. Годинава на гости ни беа 4 то одделенци од училиштето Јахја Кемал. Еве како си поминаа.







