Мај 30, 2024
Рекреативниот риболов да се врати во туристичката понуда на Охрид
Странските туристи кои го посетуваат Охрид се заинтересирани за рекреативен риболов на Охридското езеро. Тоа е една добра туристичка приказна, но не може да се реализира бидејќи рекреативниот риболов не е дозволен , вели Љупчо Стојкоски, туристички работник и рекреативен рибар. Интересот е голем кај странските туристи, пред се од Холандија, Полска и Англија, но и голем број домашни гости се заинтересирани за рекреативен риболов.
Мај 29, 2024
Екологија
Еколошка акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2024”
Локациите кои се одбрани се Калишта, Градско пристаниште, Камп Градиште, Музеј на вода и Черава.
Мај 29, 2024
СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј”
Потпишан мемурандум за збратимување на СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” и Средња Школа ,,Дољевац” од Ниш
Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на директорите Ристе Јанкоски и Марко Цветковиќ.
Мај 29, 2024
ЈП Охридски комуналец
Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од населба Бараки
Во петок акција за подигнување на зелен и кабаст отпад во У.З.12, Гоце Делчев, Охрид.
Мај 29, 2024
Општина Охрид ќе овозможи реализација на практична обука и феријална пракса за учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”
Оваа активност е предвидена во Меморандумот за соработка, кој Општина Охрид го склучи со ова училиште, со цел да го промовира и унапреди средното стручно образование, како атрактивен и привлечен избор на кариера.
Мај 29, 2024
Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води
Обуката ќе се реализира во периодот од 21-ви до 28-ми јуни 2024 година, пријавувањето е во тек.
Мај 29, 2024
Ученици, наставници и невладини во еко акција „Чиста животна средина за светла иднина”
Во рамките на проектот „ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА СВЕТЛА ИДНИНА”, деновиве се реализираа неколку акции за чистење на плажите. Целта на проектот на здружението Нова Порта поддржан од минситерството за животна средина е градење на еколошки свесна младина.
Мај 28, 2024
Само еден инспектор ќе ја контролира безбедноста во пловидбата на Oхридското езеро ова лето
Неопходно е вработување на најмалку уште двајца инспектори за Капетанијата на пристаништа да може да одговори на обемот на работа кој се зголемува со порастот на бројот на пловила.
