Окт 31, 2024
Китески: На следниот владин повик ќе аплицираме со проектот за искористување на Свинишки извори
Советниците на денешната седница изгласаа измени и дополнувањата на развојната и годишната програма за уредување на градежното земјиште и беше извршена алокација на средства во буџетот за 2024 година. Целта е да се предвидат средствата во буџетот и да почнат постапки за избор на изведувачи за проектите кои и беа одобрени на општината на повикот од владата за реализација на капитални проекти со државна помош. На забелешка дека се аплицирало со малу прокети кои моше сама општината да ги реализира, секлретарот одговори дека секој прокет е важен за подобрување на животот на граѓаните и додаде дека веќе на наредниот повик ќе се аплицира со проектот за искористување на Свинишките извори.
Окт 31, 2024
Општина Охрид парично ќе награди пожарникари и членови на доброволни ПП друштва кои секојдневно се бореа со пожарите
Пожарникарите кои во критичниот период кога Охридскиот регион летово беше зафатен од неколку големи пожари беа постојано на терен во борба со огнената стихија, општината парично ќе ги награди. На предлог на командирот на Територијалната противпожарна единица на списокот за награда се 19 пожарникари и неколку членови на две доброволни противпожарни друштва. По оваа точка на денешната седница на совет се разви бурна дискусија. Од говорницата беше побарано да бидат наградени сите пожарникари, да се наградат и вработените во јавните претпријатија кои беа ангажирани за помош во гасењето на пожарите како и доброволци.
Окт 31, 2024
ЈП Водовод – Охрид
Без вода корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, 2 часа без вода ќе бидат корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк, информираат од ЈП Водовод – Охрид.
Окт 31, 2024
КПУ Затвор Охрид
Денес боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“
Движењето околу стрелиштето „Бејбунар” ќе биде забрането се додека гаѓањето не заврши.
Окт 31, 2024
ухмр
УХМР: Следува период на стабилно и суво време
Во Охрид темепературите ќе се движат од 7 до 19 степени.
Окт 30, 2024
Поделени хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства, донација од Костал во соработка со Црвен Крст Охрид
Денеска беа поделени првите хуманитарни пакети од акцијата на Црвен Крст по повод Недела на борба против глад. Од Црвен Крст се задоволни од одзивот на граѓаните и општествено одговорни компании на нивниот повик да се помогне на социјално ранливите семејства од Охрид и Дебрца.
Окт 30, 2024
општина охрид
Утре ќе се одржи 47. седница на Совет на Општина Охрид
47. седница на совет на Општина Охрид ќе се одржи во 09:00 часот, во зградата на Општина Охрид.
Окт 30, 2024
ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид
Наум Смилевски од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид освои прво место на Државниот натпревар за млади истражувачи
Минатиот викенд во Пехчево се одржа шеесетиот државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија.







