Skip to main content
Окт 8, 2024
општина охрид
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08, 48/10,124/10, 51/11,123/12,93/13,42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18,89/22, 171/22 ),Општина Охрид, на ден 04.10.2024 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена.

Окт 8, 2024
Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“ ги повикуваат сите охриѓани, љубители на спортот и фудбалот, масовно да дојдат во Спортската сала „Билјанини извори“, да навиваат и со своето присуство да го поддржат „Ohrid Freed“.

Кабаст отпад
Окт 8, 2024
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.

Окт 8, 2024
Вежбата ја следеа претставници на УНДП-Канцеларија во Македонија, началникот на СВР Охрид, претставници на ЦУК и ДЗС кои беа едногласни за високо оценување на показната вежба.

Окт 8, 2024
Ментално здравје
Како да се справите со стресот на работното место? Што претставува синдромот на „прегореност“ или burnout? Дознајте на работилницата која ќе се одржи во среда во Црвен Крст Охрид.

Охрид кеј Фото: Симјаноски
Окт 8, 2024
Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.

Окт 7, 2024
Факултет за Туризам и Угостителство – Охрид
Овој настан на локалната гастрономска сцена ги носи познати имиња од светската и балканската гастрономија  како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија). Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност.

Окт 7, 2024
црвен крст – охрид
Клубот на Млади при Црвен Крст – Охрид учествуваше на заедничко онлајн вклучување на сите Клубови на Млади на територијата на Македонија, се запознаа со активностите од другите Клубови на Млади, и ги презентираа нивните активности и приказни кои го направиле волонтирањето вредно за паметење.