Апр 8, 2024
Левица Охрид денеска потсети дека спомен плочата од НОБ сѐ уште не е вратена
Од охридскиот огранок на Левица уште еднаш ги повикаа сите надлежени да ги преземат сите мерки и итно да ја вратат на старото место на ул „Димитар Влахов“ спомен плочата од НОБ.
Апр 8, 2024
Претседателски избори 2024
Пендаровски убеден дека ќе ја добие поддршката од охриѓани
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски пред граѓаните на Охрид синоќа искажа уверување дека на 24 април ќе изберат правилно и дека ќе им кажат „не“ на оние кои не и мислат добро на државата. Тој вети дека доколку ја добие довербата за втор мандат ќе продолжи да биде претседател на сите граѓани без поделби и ќе ги третира сите жители на државата како негово семејство.
Апр 8, 2024
Подметнат пожар на депонијата Буково
Со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја.
Апр 8, 2024
СВР Охрид
Надлежните сe координираат за заштита на регионот од пожари
На координативната средба, покрај полициски службеници од полициската станица Охрид, присуствуваа претставници на штабот за заштита и спасување при општина Охрид, на Територијалната противпожарна единица, на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, на шумската полиција, на јавното претпријатие „Македонски шуми“ и на Планинарска спасувачка единица -Охрид.
Апр 5, 2024
квалитет на воздух
Сообраќајот и домаќинствата се најголемите загадувачи на воздухот во Охрид
Сообраќајот и домаќинствата кои се греат со цврсто и течно гориво се најголемите загадувачи на воздухот во Охрид. Загадувањето е најевидентно во зимските месеци кога се евидентираат повеќекратни надминувања на дозволените концентрации на загадувачки честици во воздухот. Загадувањето на воздухот е водечки фактор на ризик по здравјето на населението кое предизвикува низа болести и зголемена смртност. Во процес на донесување е План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид, за кој денеска беше одржана јавна распарава.
Апр 5, 2024
Кино Охридско ЕЗеро
Првото кино во Охрид било изградено пред точно еден век
Изложбата на старите филмови кои ги гледале охриѓани во минатото, ги врати спомените за старото кино во Охрид. Првото кино во Охрид познато кино „Охридско Езеро” , било изградено во далечната 1924 година, пред точно еден век, од страна на семејството Петкоски- Мартиноски. Тогашната опрема кинопроекторот моментално се наоѓа во кинотека Скопје. Љубителите на филмската уметност, велат тоа треба да биде музеј кој ќе може да го посетуваат и граѓаните и туристите и да може да ја слушнат приказната за првото охридско кино.
Апр 4, 2024
Висок процент на вакцинација на децата во охридско струшкиот регион
Во струшко дури 98,9 % од децата се имунизирани за полио и дитепер, во Охрид 82%. Во тек е вонредна вакцинација за пропуштените дози, лекарите апелираат родителите да ги вакцинираат децата.
Апр 4, 2024
Охрид ќе се збратимува со Варна
Општина Варна доби барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот Благомир Коцев, на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина” .