Skip to main content
Фев 10, 2023
Узурпација на недвижности
Кривична пријава за 4 лица од Прилеп кои узурпирале плажа кај Љубаништа. Тие без одобрение поставиле шатори, камп приколки и возила адаптирани за кампување.

Фев 9, 2023
Центар за култура григор прличев
За последен пат во живо во Охрид, шоуто на Никола Тодороски „Да болиТ“. Четврток, 23-ти февруари со почеток во 20 часот, Центар за култура „Григор Прличев“.

Фев 9, 2023
Епицентарот бил во елбасан албанија
Земјотрес со епицентар во Елбасан, Албанија и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, почувствуван во Охрид и Преспа.

Канаванова болест
Фев 9, 2023
Canavan disease
Канавановата болест е најчестото невролошко дегенеративно нарушување во детството. Претставува болест од групата генетски нарушувања наречени леукодистрофии, што доведува до дефекти во миелинската обвивка која ги покрива нервните клетки во мозокот.

Фев 9, 2023
28 февруари ден на ретки болести
Ако сонуваме сами, сонот останува само сон, но ако сонуваме заедно, еден ден сонот ќе стане реалност, гласи пораката на вработените во ООУ „Св. Климент Охридски“.

Фев 9, 2023
Приведен 36 годишен охриѓанец
Приведен 36-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде пиштол, ловечка пушка, куршуми и една рачна граната.

Фев 8, 2023
Црвен Крст
Во оваа фаза на одговор на катастрофата која ги погоди Турција и Сирија најцелисходно е граѓаните да помогнат преку донација на финансиски средства. Овој апел денеска го упати Претседателот на охридската организација на Црвен Крст, Сашо Точков. И Од републичкиот црвен крст апелираат дека треба да се рационализира и воедначи процесот на донирање согласно конкретните потреби на терен. Механизмите на црвениот крст се активирани, се одржува постојана комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со Сириско-арапската полумесечина и според нивни барања и потреби ќе се дејствува.

Фев 8, 2023
Кривична пријава
37-годижен жител на струмичкото село Секирник по објава од портал фејсбук, постирал коментар со недолична и заканувачка содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.