Skip to main content
Мар 14, 2024
Изречена е „наредба“ од страна на инспекцијата при Министерство за култура за враќање на спомен плочата, а на сторителите кои ја отстранија законски глоби.

Мар 14, 2024
Совет Општина Охрид
На денешната седница на Совет беа усвоени сите точки на дневниот ред меѓу кои и 20 легализации на бесправно изградени објекти. Опозицијата бараше легализациите да бидат одложени за после изборите, што не беше прифатено од мнозинството.

Мар 14, 2024
Совет на Општина Охрид
Градските советници на денешната седница ги разгледуваа извештаите за успешноста на општината во реализацијата на програмите за 2023 година. Доминираат субвенциите кон јавните претпријатија со најголема реализација, се асфалтираат улички, а од ветените капитални проекти и понатаму нема ништо, критикува опозицијата. Опозицијата мора да прифати дека општината е конечно раздолжена и во иднина ќе бидат реализирани ветените капитални проекти, вели секретарот на општината.При тоа псоочува дека локалната власт се соочувала со опструкции од централната власт за катната гаража и плоштадот Крушевска република.

Мар 13, 2024
Општина Охрид
На средбата претставници на двете невладини организации од Франција беа запознаени со поддршката која младите во Охрид ја добиваат од општината.

Мар 13, 2024
Општина Охрид
Детското игралиште кое е опремено со современи детски реквизити, ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици.

Мар 13, 2024
Вчера се одржа изборно собрание на Регионалната занаетчиска комора Охрид.

Мар 13, 2024
Црвен крст Охрид
Признанијата и благодарниците на заслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година, ќе бидат доделени на пригодна свечаност во просториите на Црвен крст Охрид, на 15 март 2024 г.,(петок) со почеток во 13 ч.

Мар 12, 2024
Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Славица Стефаноска, секретар на здружението, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу глувите и наглуви лица со ИПА полициските службеници.