Мар 11, 2024
Од денеска продолжува реконструкцијата на сидриштето кај центарот за обука на вода на АРМ
По извршени консултации со Заводот за заштита на културно наследство, Министерството за животна средина и УНЕСКО, започнува реконструкцијата на Сидриштето во Охрид. Работите требаше да започнат уште во ноември минатата година , но Министерството за одбрана добило забелешки од невладина организација за влијанието на реконструкцијата врз животната средина.
Мар 10, 2024
Се прибираат докази, издадени наредби за вештачења за пожарот во кафе барот во Градски пазар (фото/видео)
Увид на лице место во угостителскиот објект извршил Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Охрид.
Мар 8, 2024
Охридско гостопримство со бисери за 50 туристки од Хрватска
Традицијата продолжува. 50 туристки од Хрватска денес се закитија со охридски бисери. Семејството Филеви по повод празникот на жената со пригодни подароци го промовира Охрид.
Мар 8, 2024
Се помал интересот за прослава на 8-ми Март по хотели и ресторани
Охриѓанки се помалку го празнуваат денот на жената со ресторански забави. Во туристички центар-Охрид за овој празникнема да изостанат и годинава гостинките од земјите од соседството. Хотелите се солидно исполнети. Туристичките агенции извисија. Голем број охриѓанки поради проблемите со издавањето патни исправи ги откажале патувањата за 8-ми март.
Мар 8, 2024
Со донација од Почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид ќе се реконструира кровот на болницата „Св. Еразмо“
Од болницата изразија благодарност за донацијата за која истакнаа дека е значајна бидејќи околу 3.000 квадрати од кровната конструкција не се реновирани од самото поставување на павилјонскиот дел од болницата.
Мар 8, 2024
СВР Охрид
Жена паднала од трети кат на зграда, приведени две лица во врска со настанот
Увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Мар 8, 2024
Општина Охрид
Со настанот „Жени во фокусот“ Општина Охрид го одбележа 8-ми Март
Со цел да се покаже достојна почит и внимание кон сите жени во нашата заедница, Општина Охрид заедно со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Советот на Општина Охрид, го организираа настанот Жените во фокусот.
Мар 7, 2024
Туристички работници од Охрид се сретнаа со Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада
Непостоењето на Стратегија за искористување на туристичкиот потенцијал со иницијативи и цели за развој на туризмот и лошата патна инфраструктура до охридско струшката ривиеара негативно се одразува врз туристичката дејност. Ова е заклучокот од денешната средба на Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада со претставници на туристичкиот сектор од Охрид. Станало збор и за можноста за формирање Министерство за туризам како подобро би се решавале напластените проблеми во оваа дејност.