Skip to main content
Дек 15, 2022
Свр охрид
Против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Дек 15, 2022
Несреќа
Тешко повреден 76-годишен пешак откако возило удрило во него на крстосницата на улиците „Никола Карев” и „АСНОМ” во Охрид.

Дек 15, 2022
Правни субјекти
Услугата е достапна 24/7, а на тој начин се избегнува закаснетото плаќање, каматите, се заштедува време и енергија, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Дек 15, 2022
Заедничко декорирање и украсување на објектот
Вистинска празничка бајка во ООУ „Григор Прличев“. Пред Нова година ќе има и Новогодишен Базар со хуманитарна цел во вид на хепенинг.

Дек 15, 2022
Кривична пријава
Кривична пријава против 54-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал.

Дек 15, 2022
Солидарност
Над 80 топли оброци на иницијатива на учениците на Средното угостителско училиште Ванчо Питошески за миг ќе нахранат и усреќат ранливи и социјално загрозени граѓани од Охрид. Учениците под менторство на своите професори во Регионален центар за стручно образование и обука, потпомогнати од волонтерите на Црвен Крст Охрид ќе приготват и достават оброците во рамки на месецот на дарување „Радосен декември“.

Дек 15, 2022
Физички напад
Приведени се двајца охриѓани кои физички нападнале полициски службеници. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дек 15, 2022
Локален пазар
Започна да функционира Канцеларија за заштита на потрошувачите во Охрид. Отворањето на канцеларијата е дел од првата двегодишна програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи во рамки на локалната самоуправа. Во Програмата 2022-2023 година предвидени се низа активности чија основна цел е подобрување на состојбата со правата на граѓаните како потрошувачи на територија на Општина Охрид.