Skip to main content
Дек 15, 2022
Центар за култура григор прличев
Со проекција на филмови од шпанска продукција и поставување изложба ќе биде одбележана културната соработката меѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Македонија.

Дек 15, 2022
Земјиштето на локалитетот да се заштити
Дваесеттина граѓански организации од земјава бараат стопирање на постапката за управување и оттуѓување на локалитетот Мауцкер. Според нив постојат податоци дека таму се наоѓал античкиот град од римско време познат како Хермелеја. Активистите поднесоа приговор до општината и министерството за животна средина, доколку не се стопира постапката најавуваат дека ќе се жалат и во Стразбур.

Дек 14, 2022
Празнична хуманост
Учениците од ноември, изработуваа накит за да обезбедат средства за новогодишни пакетчиња наменети за дечињата со попреченост.

Дек 14, 2022
Сите деца се деца
Под мотото „Сите деца се исти“ започна со работа првата инклузивна игротека во Охрид во просториите на комплексот касарна. Околу 20 деца со церебрална парализа ќе имаат место за игра, терапија и социјализација. Игротеката Радост е пилот проект на Здружението ВОПС Поддршка Охрид во рамки на програма финансирана од Европска Унија која се очекува во наредниот период да прерасне во Дневен центар за лица со попречености.

Дек 14, 2022
Родова инклузивност
Обуките се согласно програмата за развој на туризмот и програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2022 година.

Дек 14, 2022
Јп нискоградба
ЈП „Нискоградба“ Охрид е носител на градежните активности, а вредноста на проектот изнесува 5 200 000 денари.

Дек 14, 2022
Физички напад
Три лица од Охрид физички нападнале 19-годишна охриѓанка. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дек 14, 2022
Нов затворен пазар
ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави Оглас за издавање тезги под закуп. Огласот трае од 15-ти до 31-ви декември 2022 година.