Мар 11, 2024
ОО на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи
Спомен плочата од НОБ ќе биде вратена на старото место, им ветил Пецаков на Сојузот на борци oд НОАВМ
Од ОО на Сојузот на борци велат дека ќе ја следат постапката и ќе бидат во постојан контакт со Градоначлникот и Одделението за култура во општина Охрид.
Мар 11, 2024
Надлежните да ги разјаснат околностите и по чија вина е отстранета спомен плочата од НОБ во Охрид
Отстранета спомен плочата на ул Димитар Влахов која сведочи за настан од антифашистичката борба на македонскиот народ. Министерката за култура го осуди чинот и ги повика надлежните да ги разјаснат околностите, како и по чија вина е отстранета спомен плочата. Плочата стоеше пред куќата со автентична градба и историско значење која целосно беше изменета во спорна реконструкција за која во Основното јавно обвинителство Охрид се води истражна постапка за бесправно градење.
Мар 11, 2024
СВР Охрид
Кривична за „убиство во обид“ за лицето осомничено дека турнал жена од трет кат во Охрид
Второпријавениот, кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело и доби кривична пријава за „помагање“ – информираат од СВР Охрид.
Мар 11, 2024
Од денеска продолжува реконструкцијата на сидриштето кај центарот за обука на вода на АРМ
По извршени консултации со Заводот за заштита на културно наследство, Министерството за животна средина и УНЕСКО, започнува реконструкцијата на Сидриштето во Охрид. Работите требаше да започнат уште во ноември минатата година , но Министерството за одбрана добило забелешки од невладина организација за влијанието на реконструкцијата врз животната средина.
Мар 10, 2024
Се прибираат докази, издадени наредби за вештачења за пожарот во кафе барот во Градски пазар (фото/видео)
Увид на лице место во угостителскиот објект извршил Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Охрид.
Мар 8, 2024
Охридско гостопримство со бисери за 50 туристки од Хрватска
Традицијата продолжува. 50 туристки од Хрватска денес се закитија со охридски бисери. Семејството Филеви по повод празникот на жената со пригодни подароци го промовира Охрид.
Мар 8, 2024
Се помал интересот за прослава на 8-ми Март по хотели и ресторани
Охриѓанки се помалку го празнуваат денот на жената со ресторански забави. Во туристички центар-Охрид за овој празникнема да изостанат и годинава гостинките од земјите од соседството. Хотелите се солидно исполнети. Туристичките агенции извисија. Голем број охриѓанки поради проблемите со издавањето патни исправи ги откажале патувањата за 8-ми март.
Мар 8, 2024
Со донација од Почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид ќе се реконструира кровот на болницата „Св. Еразмо“
Од болницата изразија благодарност за донацијата за која истакнаа дека е значајна бидејќи околу 3.000 квадрати од кровната конструкција не се реновирани од самото поставување на павилјонскиот дел од болницата.







