Ное 8, 2022
Каде си Адаме документарен филм
Филмот е посветeн на монашкиот живот за автентични ликови. Критиката го опишува како фасцинантен приказ за начин на живот во рамките на монашката заедница во 21 век.
Ное 8, 2022
Прес конференција
СДСМ Охрид: Една година мандат, многу ветувања, никаква реализација
Првата година од мандатот на Градоначалникот Пецаков и локалната власт во знакот на манифестации, фестивали и протоколарни средби, манипулација и популизам, а ништо од реализација на ветените проекти, критикуваат од ОО на СДСМ Охрид. Пецаков не може да ги реализира готовите проекти кои ги затекна, а се уништува и она што беше веќе направено како улицата АСНОМ, кажа претседателката на општинскиот огранок, Крлеска Деспотоска.
Ное 8, 2022
Планирани приходи и проекти
Предлог буџет на Општина Дебрца за 2023
Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.
Ное 8, 2022
Црвен крст
Крводарителска акција во СВР Охрид
Крводарителската акција ќе се реализира утре (09.11.2022) од 10 до 14 часот во просториите на СВР Охрид, информираат од Црвен крст.
Ное 8, 2022
Животот на монасите во света гора
Филмот Каде си Адаме денеска во Охрид
Вечерва со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се прикажува филмот „Каде си Адаме“.
Ное 8, 2022
Свечена приредба
ЈОУДГ Јасна Ристеска го одбележа патрониот празник
Во рамки на свечената програма беа изведени бројни музички и танцувачки точки подготвени од најмладите, под менторство на воспитувачите од градинката.
Ное 7, 2022
Одбележана 78ма годишнина
Пиетет и обединувачки пораки за слободен Охрид
Градот денеска го чествува херојството и жртвата на младите партизани кои ги положија своите животи на олтарот на слободата во која ние денес живееме. Денот на ослободување на Охрид, 7 ноември свечено одбележан со положено свежо цвеќе пред спомениците на жртвите, културно-уметничка програма и пораки за заедништво и просперитет.
Ное 7, 2022
Oхриѓани порачаа да се намали сиромаштијата
Младите пак, побараа подобри услови за живот и отчетност на институциите за работата. Ова се дел од пораките кои охридските пратеници ги слушнаа на средбите со караванот „Собрание за граѓаните“ кој денес беше во Охрид.