Skip to main content
Апр 18, 2024
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првиот ден од кампањата за парламентарните избори која традиционално партијата ја започнува од Охрид, со градоначалникот Пецаков беше на увид на неколку локации каде се реализираат проекти. Мицкоски од Охрид најави дека идната власт што ќе ја предводат блиску ќе соработува со сите градоначалници, независно од која партија тие доаѓаат, за реализација на голем број инфраструктурни проекти преку алокација на средства од буџетот кон општините што е предвидено во предизборната програма Платформа 1198.

Апр 18, 2024
Претседателски избори 2024
Охридско-струшкиот регион, кој е познат по туризмот и мора да добие сеопфатна поддршка од институциите и од Претседателот на државата за развој на туризмот, особено на високиот туризам и искористување на сите потенцијали кои ги имаат и овој регион, но и целата држава, потенцира Јакимовски.

Апр 18, 2024
Сите фото ентузијасти (професионалци или аматери) може да се приклучат и да учествуваат на оваа позитивна мисија и уникатен фото конкурс каде преку свои фоторафии од Охридско – Струшкиот регион ќе придонесете кон подобрување на инклузијата и животот на лицата со попречености, велат од Порака Нова.

Апр 18, 2024
Избори 2024
Настанот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 20:00 часот.

Робевци
Апр 18, 2024
Светски ден на спомениците и локалитетите
Слободен ќе биде влезот во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство во државава со цел граѓаните да имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава, информираат од Министерството за култура.

Апр 17, 2024
Увозот на работници во туристичкиот сектор нема долгорочно да го реши проблемот со недостигот на кадар кој е најевидентен во туристичкиот сектор. Државата треба да осмисли стратегија за мотивирање и задржување на младите во земјава. За да се намали одливот на работна сила, хотелско угостителските работници треба да понудат поголеми плати и бенефиции за задржување на домашниот квалификуван кадар, а државата да даде поддршка субвенции и ослободување од даноци за домашните вработени во секторот.

Полициски службеници
Апр 17, 2024
МВР
Против лицето е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.

Апр 17, 2024
Македонија и Охрид се светски бренд во културното наследство, со неограничени потенцијали и како такви треба себе си да се презентираме бидејќи можеме да се носиме со најголемите светски центри. По повод меѓународниот ден на културното наследство, споменици и локалитети во Охрид се одржува националната конференција на тема: Културно наследство и туризам – меѓународни стандарди и локален развој.