Мар 28, 2024
Реактивната мисија на УНЕСКО ја скенира состојбата во Охридскиот регион
Експерти од Центарот за светско наследство на УНЕСКО и неговите советодавни тела на терен ја скенираат состојбата со заштитата на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Реактивната мисија ќе оствари и работни средби со сите инволвирани и засегнати институции како и невалдини организации, по што ќе изработи Извештај кој ќе биде разгледан на 46. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во јули годинава.
Мар 28, 2024
Денеска предавање на тема ,,Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет“
Предавањето ќе се одржи со почеток во 17.30 часот, во салата во Општина Охрид и е дел од годишната програма на Здружението на дијабетичари.
Мар 28, 2024
Општина Охрид
Пецаков по средбата со реактивната мисија: Силно сме посветени на зачувување на статусот од УНЕСКО
Не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО, вели Пецаков.
Мар 28, 2024
Реакција
Крлеска Деспотоска: Јавно ги демантирам изнесените лаги од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ и Китески
За вашата наводна кривична пријава, соодветно ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување кон вас како подносители на пријавата, порачува Крлеска Деспотоска.
Мар 27, 2024
Данче Наумоска ја продолжува традицијата на бакарџискиот занает
Занаетите во минатото беа типично машки професии, но денес жените ги уриваат стереотипите. Во време кога занаетите изумираат, влеваат надеж оние кои ја продолжуваат традицијата. Тоа го прави и единствената жена бакарџија во Охрид,, Данче Наумоска таа го унапреди занаетот кој го наследи од татко си, изработува врвни уметнички дела од бакар.
Мар 27, 2024
ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид
Kривична пријава против Кристина Крлеска-Деспотоска, раководител на Централен регистар Охрид и вработени во АВРМ Охрид
Изборот на претседателката на ОО на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска за Раководител на Централен регистар Охрид е незаконски, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Оттаму поради основани сомненија за злоупотреби поднеле кривична пријава против Крлеска-Деспотоска и лица вработени во Агенцијата за вработување во Охрид.
Мар 27, 2024
Влада на РСМ
До крајот на 2026 година треба да се изгради автопатот Кичево – Охрид
Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, соопштија од Влада.
Мар 27, 2024
Здружение на дијабетичари од Охрид
На 28 март ќе се оддржи предавање на тема ,,Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет“
Предавањето ќе се одржи со почеток во 17.30 часот, во салата во Општина Охрид и е дел од годишната програма на Здружението на дијабетичари.






