Skip to main content
Мар 14, 2024
Совет на Општина Охрид
Градските советници на денешната седница ги разгледуваа извештаите за успешноста на општината во реализацијата на програмите за 2023 година. Доминираат субвенциите кон јавните претпријатија со најголема реализација, се асфалтираат улички, а од ветените капитални проекти и понатаму нема ништо, критикува опозицијата. Опозицијата мора да прифати дека општината е конечно раздолжена и во иднина ќе бидат реализирани ветените капитални проекти, вели секретарот на општината.При тоа псоочува дека локалната власт се соочувала со опструкции од централната власт за катната гаража и плоштадот Крушевска република.

Мар 13, 2024
Општина Охрид
На средбата претставници на двете невладини организации од Франција беа запознаени со поддршката која младите во Охрид ја добиваат од општината.

Мар 13, 2024
Општина Охрид
Детското игралиште кое е опремено со современи детски реквизити, ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици.

Мар 13, 2024
Вчера се одржа изборно собрание на Регионалната занаетчиска комора Охрид.

Крводарителство
Мар 13, 2024
Црвен крст Охрид
Признанијата и благодарниците на заслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година, ќе бидат доделени на пригодна свечаност во просториите на Црвен крст Охрид, на 15 март 2024 г.,(петок) со почеток во 13 ч.

Мар 12, 2024
Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Славица Стефаноска, секретар на здружението, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу глувите и наглуви лица со ИПА полициските службеници.

Левица
Мар 12, 2024
Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од Охрид, стои во образложението поднесено од советничката Виолета Аврамоска од Левица – Охрид.

Мар 12, 2024
Зголемен интересот за купување на станови и куќи во Охрид од страна на странските државјани. Најатрактивни локации се централното подрачје и Стариот дел на градот. Недвижностите се особено атрактивни  за дигиталните номади, лицата кои работат онлајн за странски компании, кои со тие плати може да си дозволат удобен живот во земјава, но и за пензионерите.