Дек 9, 2023
СВР Охрид
Гости во хотел на охридското крајбрежје се затруле со хлор во базенот
Седум лица завршиле во болница со симптоми на труење со хлор.
Дек 8, 2023
Фото клуб – Охрид одбележа четврт век постоење
Формиран од група на ентузијасти, пред точно 25 години, опстојува, расте и постојано се подмладува, на темелите на љубовта кон фотографијата. Клубот денес е препознатлив не само во Охрид туку и многу пошироко. Јубилејот, на кој сите ние треба да бидеме горди, фото клубот го одбележа со традиционалната изложба по повод празникот Св Климент Охридски.
Дек 8, 2023
АНКЕТА: Граѓаните сметаат дека дезинформациите прават штета врз туризмот
Граѓаните потврдија дека во медиумскиот етер има огромен број на дезинформации кои прават штета врз туризмот. На спроведената анкета на ТВМ телевизија дури 96% од граѓаните одговорија дека често или постојано се сретнуваат со лаги, кои го уриваат угледот на градот Охрид.
Дек 8, 2023
Секое дете заслужува радост
Започнува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“
Акцијата трае од 08 до 20 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава организирана на 23 декември (сабота), околу Волшебната елка во КАМ Village маркетот.
Дек 8, 2023
Општина Охрид
На 15-ти декември ќе се одржи јавната расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна„
Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии, велат од локалната.
Дек 8, 2023
Општина Охрид
Општина Охрид го објави повикот за Набавка и поставување на Адреналински парк во Охрид / Касарна
Крајниот рок за поднесување на понудите е 10.01.2024, 15:00h.
Дек 8, 2023
Свечена академија
Доделени највисоките општински признанија, Светиклиментовата награда и Повелбите
„Кога прочитав и кога ми го испратија писмото од општина Охрид во името на градоначалникот и стручната комисија, во мене се роди едно посебно чувство дека само Охрид може да Ве дарува со вечност и само Свети Климент може да Ве благослови.“ – кажа Јордан Плевнеш добитник на наградата Св Климент Охридски – Патрон на градот.
Дек 8, 2023
Претечата на Христовата слава среде Славјаните и заштитник на Охрид
Свети Климент Охридски Чудотворец
Денеска православните верници го чествуваат споменот на рамноапостолниот Св Климент Охридски Чудотворец, Претечата на Христовата слава среде Славјаните, патрон на МПЦ-ОА и заштитник на Охрид.







