Фев 1, 2024
За пациентите со ретки болести најважни се рана дијагноза и системско решение за набавка на терапија
Во февруари , месецот на ретките, започнува Националната кампања Ги запознаваме ретките болести. Шестата сезона е посветена на ретки дијагнози кај жителите во охридско струшкиот регион. На кампањата работеа над 60 професори и доктори кои подготвија едукативни материјали за 110 ретки дијагнози кои преку медиумите ќе се емитуваат во наредниот период. На денешната прес конференција докторите порачаа дека потребно е да се посвети посебно внимание на скрининг на ретка патологија и системско решение за надминување на проблемите со набавка и пристап до терапија за пациентите со ретки болести.
Фев 1, 2024
Ретко е да си редок
Градоначалникот Пецаков со поддршка на лицата со ретки болести
Кампањата “Ги запознаваме ретките болести” стана препознатлив белег на месецот февруари и значително ја подигна свеста за ретките дијагнози, кои бараат посебно внимание и достапно лекување, вели градоначалникот.
Фев 1, 2024
Прекин на водоснабдувањето во населбата Црногорци
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување со санацијата.
Фев 1, 2024
Општина Охрид
Три дена „Прличеви беседи“ во чест на големиот поет и преродбеник
Носители на културната манифестација се НУ “Центар за култура”; НУ Градска библиотека “Григор Прличев”; ООУ “Григор Прличев”; Завод и музеј – Охрид и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.
Фев 1, 2024
За намалување на дивите депонии Комуналец ќе поставува видео надзор
ЈП Охридски Комуналец ќе поставува видео надзор. На 30 критични локации – црни точки низ градот ќе се поставуваат камери со цел да се реши проблемот со дивите депонии. Следен новитет во комуналното охридско претпријатие е бенифициран стаж за вработените од февруари годинава.
Фев 1, 2024
УХМР
Сончево со температура до 8 степени
Следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.
Јан 31, 2024
Високо признание за претседателот на ИПА Охрид од OIDE за промовирање на принципите на Обединетите нации
Во Охрид се одржа јубилејно Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија, по повод 10 години од нејзиното полноправно членство во светското ИПА семејство и 13 години од формирањето на ИПА, оддел Македонија.
Јан 31, 2024
Учи паметно – работи стручно
Скоро половина од учениците во дуално образование се вработуваат во компаниите каде посетувале практична настава
Средните стручни училишта, охридските компании и локалната самоуправа соработуваат со цел креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот и услови за поголема вработливост на младите. Денеска во ОЕМУЦ Св Наум Охридски, се одржа дијалогот Учи паметно – работи стручно. Целта е да се дадат предлози, сугестии и да се споделат мислења за тоа како да се унапреди системот на средно стручно образование.







