Авг 18, 2023
Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
Македонскиот јазик не е ничиј дијалект, тој е засебен јазик кој сме должни да го чуваме
Македонскиот збор одекнува на сите континенти – отворена 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Ние сме должни да го чуваме нашиот јазик затоа што тој е нашиот идентитет и аманет од нашите предци и културни дејци, велат македонистите.
Авг 18, 2023
На Славеј планина одбележни 80 години од формирањето на Баталјонот „Мирче Ацев“
Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Охрид и Дебрца, Општина Дебрца и АРМ се поклонаа и положија свежо цвеќе пред Споменикот, на местото каде е формиран Баталјонот.
Авг 18, 2023
ХОТАМ: Наместо во згради потребни се инвестиции во хотели
Хотелската асоцијација предлага стратегија, наместо урбанистички- туристички развој на Охрид и Струга. Потребни се инвестиции во современи хотели. На брегот на Охридското Езеро има околу 40 000 викенд станови кои се реиздаваат и создаваат сива економија.
Авг 18, 2023
МВР
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно лице
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Авг 18, 2023
Медиумска писменост
Технолошки камп за справување со дезинформации и лажни вести на ФТУ
Споделување најдобри практики за медиумска писменост во образованието, препознавање и справување со дезинформациите и лажните вести, како и стекнување основи по прашањето на сајбер-безбедноста, се главните теми на Технолошкиот камп, што во организација на Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД од Скопје, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и тимот на „TechCamp на“ на Стејт департментот на САД, деновиве се одржува во Охрид.
Авг 18, 2023
Ден на АРМ
80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” – Ден на АРМ
По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот кој бил првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ, е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).
Авг 18, 2023
Денеска свечено отворање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
Денеска со почеток во 12 часот, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид свеченото отворање на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следува промоција на зборник.
Авг 18, 2023
УХМР
Денеска во Охрид сончево и топло
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови во Македонија времето ќе биде многу топло.