Skip to main content
Јун 18, 2024
На денешната седница на Совет беше верификуван мандатот на новиот советник кој доаѓа на местото на Божиновски во советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Александар Здравевски. Советот го констатира и претстанокот на мандатот во Советот на досегашниот претседател, Сашо Донев кој стана пратеник во Собранието на Македонија.

Јун 18, 2024
Ј.П.„Охридски Kомуналец”
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.

Јун 17, 2024
Целта на посетата е да се помогне за надминување на предизвиците во  зачувувањето на светското богатсво  заштитено од Унеско. Според неа има напредок во заштитата, а САД се подготвени за поддршка.

Јун 17, 2024
„Нина шоп“ е новоотворена продавница во Охрид, лоцирана на улицата „Даме Груев“, која нуди производи од програма „дом и декор„.

Спасители на вода
Јун 17, 2024
Само триесет проценти од вкупниот број капалишта на охридското крајбрежје ова лето ќе имаат спасители на вода. Тоа се дел од плажите пред хотелско угостителски објекти. Плажите на кои несовесни концесионери нема да ангажираат спасители и оние кои немаат концесионери Црвен Крст Охрид прави напори да ги обезбедува со патролни тимови, но на нив треба да се постават табли дека граѓаните се капат на своја одговорност.

Јун 17, 2024
ОПШТИНА ОХРИД
Тимот на екпертите и амбасадорката изразија поддршка за посветеноста на Општина Охрид и градоначалникот за целосната посветеност во имплементирањето на препораките, како и за посветеноста во реализација на проекти кои се клучни во заштитата на Охридското езеро и животната средина. 

likovna kolonija debrca
Јун 17, 2024
Дебрца
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.

Јун 17, 2024
Како туристички Охрид ќе се справува со напливот на туристи и зголемениот обем на работа во здравствените институции? Во охридската болница недостигаат специјалисти, во Итната медицинска помош има возила, но нема доволно медицински персонал. Во специјалната болница има лекари, но нема возила.